| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
СЗО: Во последните 10 години се удавија над 2,5 милиони луѓе
„Стапката на давење е најголема кај децата на возраст од една до девет години. Тоа покажува дека треба итно да дејствуваме на ова подрачје за да ги заштитиме следните генерации“
СЗО: Во последните 10 години се удавија над 2,5 милиони луѓе
СЗО: Во последните 10 години се удавија над 2,5 милиони луѓе / Photo: AA Archive / AA Archive

Над 2,5 милиони луѓе се удавиле во последните 10 години, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО), објавен минатата недела.

Вложувањата во едукацијата за пливање во претшколските установи и давањето основни обуки за пливање на децата од школска возраст би можеле да спасат милиони животи, се вели во извештајот на СЗО.

Според овој извештај, годишно во просек се дават 236.000 лица.

„Давењето е потценет, но смртоносен здравствен проблем. Над 2,5 милиони луѓе се удавиле во последните 10 години. Загрижувачко е тоа што околу 90% од тие настани се случиле во земји со ниски и средни приходи. Стапката на давење е најголема кај децата на возраст од една до девет години. Тоа покажува дека треба итно да дејствуваме на ова подрачје за да ги заштитиме следните генерации“, наведуваат од СЗО.

Нови глобални вложувања во ова подрачје би можеле да спасат повеќе од 774.000 детски животи до 2050 година и да спречат трајни штети на повеќе од милион луѓе што се во опасност од давење.

Во извештајот се вели и дека овие вложувања би можеле да спречат економски загуби од над 400 милијарди долари во земјите со ниски и средни примања и да дадат кумулативна придобивка од приближно девет долари на секој вложен долар.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, изјави дека спроведувањето ефикасни превентивни мерки за спречување давење, зголемувањето на инвестициите и подигнувањето на свеста би можеле да спасат голем број животи.

„Очекуваме дека земјите и партнерите ќе се здружат со цел превенцијата од давење да стане глобален приоритет“, истакна Гебрејсус.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница
Универзитетот во Торонто признава дискриминација против муслимани, Арапи и Палестинци
Иран тврди дека уништил американски радар за рано предупредување во Бахреин
Си ќе се обрати на самитот на АПЕК и ќе одржи билатерални состаноци во Шенжен следната недела
Групи за застапување ги тужат технолошките гиганти поради „катастрофални“ ризици од ВИ