| Macedonian
Мајкрософт се соочува со глобален прекин, милиони корисници и институции се соочуваат со проблеми
Прекинот ги погоди владините агенции во Австралија, Јапонија и САД, предизвика прекини во работењето на трговските фирми, го одложи објавувањето на извештаите за заработка на некои компанииц
Мајкрософт се соочува со глобален прекин, милиони корисници и институции се соочуваат со проблеми
Аутлук, Тимс и Копилот останаа недостапни и во петок, во еден од најлошите прекини во историјата на компанијата кој почна во четвртокот / Reuters (Wire)
 

Услугите на Мајкрософт Аутлук, Тимс и Копилот останаа недостапни во петокот откако еден од најлошите прекини во историјата на компанијата траеше повеќе од 12 часа, прекинувајќи ја комуникацијата меѓу компанијата и владите ширум светот.

Mајкрософт ги обвини проблемите со серверот за прекинот и рече дека не е свесен за никаква злонамерна активност.

Во своето најново ажурирање во петокот, објави знаци на стабилизација по проширувањето на распоредувањето на поправки за да се обезбеди потрајна услуга.

Прекинот ги погоди владините агенции во Австралија, Јапонија и САД, предизвика прекини во работењето на трговските фирми, го одложи објавувањето на извештаите за заработка на некои компании и ги натера авиокомпаниите да ги предупредат патниците за доцнења во комуникацијата.

Трансакциите мораа да се потврдат преку факс

Во Европа, операторот на берзата Еуронекст објави проблеми со комуникацијата преку е-пошта меѓу своите тимови за котирање на хартии од вредност, додека британскиот осигурител Авива подготви резервни планови за конференциски повици за заработка.

Данската компанија за превоз Mаерск ги предупреди клиентите за доцнења во испраќањето е-пошта и ажурирањето на информациите.

Американските компании за вештачка интелигенција ОпенАИ и Aнтропик пријавија проблеми со поврзувањето на нивните услуги со системите на Мајкрософт, додека индиските авиокомпании ИндиГо, Aкаса Ер и Ер Индија изјавија дека нивната услуга за корисници преку е-пошта е засегната.

Прекинот, исто така, го наруши управувањето со фондовите кај тајванските брокерски куќи, осигурителни компании за живот и взаемни фондови. Една компанија дури и откажа трансакција за откуп на обврзници, изјави за Ројтерс извор запознаен со ситуацијата.

Друга тајванска финансиска фирма мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите, рече друг извор.

Долгорочни последици за Mајкрософт

Ова е втор прекин на софтверот и онлајн услугите на Мајкрософт 365 оваа година.

Џош Гилберт, пазарен аналитичар на платформата за тргување eToрo, рече дека инвеститорите веројатно ќе го толерираат прекинот засега бидејќи малку корисници можат да го напуштат екосистемот на Mајкрософт преку ноќ.

„Позагрижувачки е што ова не е прв прекин на услугите на 365 оваа година. Доколку проблемите со сигурноста продолжат, тоа ќе им даде причина на ИТ одделите да размислат двапати пред да му доверат уште поголем дел од својот бизнис на еден провајдер“, рече тој.

Mајкрософт доживеа прекин на своите услуги на 365 во јануари оваа година и во октомври минатата година. Минатиот месец, исто така, објави прекин на својата платформа за пресметување во облак Азуре, што влијаеше на нивниот канцелариски пакет и на голем број индустрии низ целиот свет.

Проблеми со е-пошта

Австралискиот министер за сајбер безбедност, Тони Бурк, рече дека Mајкрософт не верува дека инцидентот е сајбер напад.

„Проблемите со кои се соочуваат се во голема мера поврзани со системите за електронска пошта“, додаде министерот.

Меѓу организациите погодени од прекинот во петокот беа австралиската разузнавачка служба и федералната полиција.

Претставничкиот дом на САД објави дека неговите корисници се погодени и дека неговите ИТ експерти работат со Mајкрософт.

Јапонскиот заменик-главен секретар на кабинетот, Масанао Озаки, им изјави на новинарите дека прекинот влијае на информациската инфраструктура на земјата.

Во известувањето за статусот на услугата, Mајкрософт изјави дека функциите на Mајкрософт 365 што зависат од Ексчејнџ Онлајн и е-поштата се засегнати, додека деловите што не зависат од Ексчејнџ Онлајн остануваат функционални.

Ексчејнџ Онлајн е платформата за пораки на Mајкрософт базирана на облак што овозможува користење е-пошта, календари, контакти и задачи.

Повеќе
Мјанмар извршил геноцид врз Рохинџите, пресуди Меѓународниот суд на правдата
Маск се чувствува прилично глупо што потрошил над 400 милиони долари за кампањи на републиканците
Александар Чупиќ избран за претседател на српскиот Парламент
Хутите го погодија највисокиот облакодер во Ријад
Данскиот парламент едногласно го ратификуваше договорот со САД за Гренланд
Бриселските засолништа се борат да сместат семејства поради кризата со домувањето
Кси, Трамп и Путин ветија реформа на ОН и намалување на нукларните ризици
ИЕА: Се очекува емисиите на ЦО2 од центрите за податоци да се зголемат за 70% до 2030 година
Хакери украле 62 милиони страници владини документи во Бугарија
Истражување на израелски медиум: Нетанјаху планирал да ги обвини Арапите за „кражба на изборите“
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО
Глобалната иницијатива на Туркије за електрификација ја поддржаа 75 земји на КОП31
Трамп вели дека САД и Кина се шпионираат меѓусебно, тврди дека Вашингтон го прави тоа подобро