| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Осум лица загинаа во невремето и поплавите во Грција, Туркије и Бугарија
Бројот на загинати како последица на силното невреме и поплавите што погодија делови од Грција, Туркије и Бугарија денес се искачи на осум, откако спасувачките тимови пронајдоа уште едно тело
Осум лица загинаа во невремето и поплавите во Грција, Туркије и Бугарија
Во Грција, рекордните врнежи предизвикаа најмалку еден смртен случај во близина на градот Волос / Photo: Reuters / Reuters
6 септември 2023

Бројот на загинати како последица на силното невреме и поплавите што погодија делови од Грција, Туркије и Бугарија денес се искачи на осум, откако спасувачките тимови пронајдоа уште едно тело.

Поплавите што ја зафатија Туркије, во близина на границата со Бугарија, однесоа бунгалови во едно одморалиште.

Најмалку пет лица загинаа, три во кампот и две во Истанбул, соопштија властите. Спасувачите сѐ уште трагаат по три лица кои се водат за исчезнати.

Стотици домови и работни места во неколку населби во Истанбул, најголемиот град во Туркије, исто така беа поплавени за време на вчерашното невреме.

Во Грција, рекордните врнежи предизвикаа најмалку еден смртен случај во близина на градот Волос, а пет лица се водат како исчезнати.

Властите го забранија сообраќајот во Волос, во подрачјето на планински регион Пелион и на островот Скијатос.

Во Бугарија невремето предизвика поплави на јужниот брег на Црното Море, во кои животите ги загубија две лица. Уште тројца се водат како исчезнати.

Објавени се видео-снимки на кои се гледа како автомобили и камперски комбиња се извлекуваат од морето во јужното летувалиште Царево.

Властите прогласија вонредна состојба во градот.

Повеќе
Турскиот претседател повика на посилна транспортна интеграција меѓу муслиманските земји
Фидан: САД и Иран покажуваат флексибилност во врска со нуклеарниот договор
Првиот турски беспилотен брод обезбеди партнерство со Саудиска Арабија
Сириja ја презеде контролата врз стратешката база Ал-Танф по повлекувањето на американските војници
Германската полиција уапсила двајца членови на терористичката организација ПКК со оружје и дрога
Бугарија: Андреј Ѓуров именуван за вршител на должноста премиер до предвремените избори
Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на царините на Трамп кон Канада
Состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел
Русија планира да и испрати нафта на Куба како хуманитарна помош
Десетици приведени демонстранти и повредени полицајци на протести во Аргентина
ФБИ ја уништил оригиналната затворска снимка од ноќта на смртта на Епштајн
Косово конечно доби влада, Албин Курти по третпат е премиер
Македонски државјанин со срцева болст опериран во Германија со роботски систем
Албулена Хаџиу избрана за собраниски спикер на Косово
Ердоган: Туркије и Грција да држат отворени канали за дијалог како соседи и сојузници