| Macedonian
СВЕТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
Меѓународен ден на демократијата:  Зајакнување на следната генерација
Темата на Меѓународниот ден на демократијата 2023 „Зајакнување на следната генерација“ се фокусира на улогата на младите во унапредувањето на демократијата и обезбедување нивните гласови да се вклучат во одлуките кои имаат големо влијание врз светот
Меѓународен ден на демократијата:  Зајакнување на следната генерација
Според ОН, клучно е да се создаде средина во која младите ќе чувствуваат дека нивниот глас е важен / Photo: УНИЦЕФ
15 септември 2023

Денеска во светот се одбележува Меѓународниот ден на демократијата.

Обединетите Нации од 2007 година го одбележуваат 15 септември како Ден на демократијата кога се разгледува состојбата со демократијата во светот и се потенцираат и промовираат демократијата и нејзините принципи.

Тема на Меѓународниот ден на демократијата 2023 е „Зајакнување на следната генерација“, која се фокусира на суштинската улога на младите во унапредувањето на демократијата и обезбедување нивните гласови да се вклучат во одлуките кои имаат големо влијание врз нивниот свет.

Според ОН, ангажираниот, добро образован електорат е во срцето на силните демократски општества. Клучно е да се создаде средина во која младите ќе чувствуваат дека нивниот глас е важен. Младите луѓе мора да се движат низ свет во кој демократиите се под закана од различни фактори: од ширење на дезинформации на интернет, до зголемен популизам и дестабилизирачки ефекти од климатската криза. Важно е секој да може значајно да учествува во одлуките кои влијаат на нивниот живот сега и во годините што доаѓаат.

Нерешените конфликти, зголемената закана од климатските промени и финансиските превирања претставуваат постојана закана за демократиите ширум светот.

„Ѕидовите се затвораат кон граѓанските простори“, предупредува генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш на Меѓународниот ден на демократијата.

Во својата порака по повод овој ден, шефот на ОН го обвинува сегашното ширењето на дезинформации кои „го трујат јавниот дискурс, ги поларизираат заедниците и ја нагризуваат довербата во институциите“.

Со оглед на штетното влијание што оваа поплава од лажни информации може да го има врз младите луѓе, годинешниот Меѓународен ден на демократијата е посветен на „Зајакнување на следната генерација“ со фокусирање на критичната улога на децата и младите во обезбедувањето демократија „денес и во иднина .“

Ефектите од климатската криза на денес е невозможно да се игнорираат, а станува сè поочигледно дека тоа е предизвик за демократијата: растечката несигурност на храна, миграцијата, недостигот на вода и екстремните временски настани предизвикуваат конфликти и го оптоваруваат умот на гласачите.

Младите ширум светот покажаа дека се исклучително загрижени за климатската криза- во последниве години стотици илјади деца на училишна возраст, фрустрирани од темпото на преговори за намалување на емисиите на фосилни горива, учествуваа во големи маршеви, штрајкови и протести.

Повиците за климатска правда, исто така, беа карактеристика на овие демонстрации: младите луѓе сфаќаат дека веројатно ќе ги трпат последиците од сè понестабилната клима, предизвикана од активностите на претходните генерации.

Обединетите нации ја препознаваат важноста од охрабрување и зајакнување на младите луѓе да преземат лидерски улоги за прашања од меѓународно значење. Канцеларијата на претставникот на генералниот секретар за млади ги свикува младите лидери за Целите за одржлив развој (ЦОР), група од 17 креатори на промени чие водство го катализира постигнувањето на ЦОР, а Младинската советодавна група за климатски промени гарантира дека генералниот секретар ќе ги слушне директно од младите активисти за климата стратегиите за унапредување на климатските активности.

Денот на демократијата е основан на 20-годишнината од Првата меѓународна конференција на новите или обновените демократии, која ја промовираше глобалната демократија.

Катар беше водечки поборник на идејата да се создаде Меѓународниот ден на демократијата. Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција во ноември 2007 година со наслов „Поддршка од системот на Обединетите нации на напорите на владите да промовираат и консолидираат нова или обновена демократија“.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Туркије: НАТО неутрализирала балистичка ракета испукана од Иран во турскиот воздушен простор
Четири члена на екипажот загинале во уривањето на американскиот авион КЦ-135 во Ирак
Литванскиот МНР ги обвини сојузниците на НАТО за трошоците за одбрана
Сијарто: ЕУ по примерот на САД да ги укине санкциите за руска нафта
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни
Иранската револуционерна гарда тврди дека ги нападнала американските бази во Јордан, Бахреин и Ирак
Вучиќ: Србија се подготвува за можен напад од страна на алијансата Хрватска-Албанија-Косово
Француски војник загина, неколку се ранети во напад со дрон врз воена база во северен Ирак
Американски воен авион се урна во западен Ирак
САД, Русија и Кина се судрија во Советот за безбедност на ОН околу нуклеарната програма на Иран
Ердоган: Туркије спроведува интензивна дипломатија за да ја спречи спиралата на насилство