| Macedonian
Саемот на технологијата ТЕХНОФЕСТ отворен во Измир
Саемот се одржува во организација на Турската фондација за технологија (Т3) и Министерството за индустрија и технологија на Туркије
Саемот на технологијата ТЕХНОФЕСТ отворен во Измир
ТЕХНОФЕСТ годинава по трет пат се одржува во Измир / Photo: AA / AA
27 септември 2023

Во турскиот град Измир денеска е отворен саемот за воздухопловство и технологија ТЕХНОФЕСТ, јавува Анадолу.

Саемот се одржува во организација на Турската фондација за технологија (Т3) и Министерството за индустрија и технологија на Туркије.

ТЕХНОФЕСТ годинава по трет пат се одржува во Измир. Саемот за воздухопловство и технологија на аеродромот Чигли ќе трае до 1 октомври.

Саемот на технологијата се одржува со учество на 121 институција, меѓу кои министерства, приватни компании и академски институции.

За време на саемот, на небото перформанс ќе изведе и аеробатскиот тим на Турските воздухопловни сили, „Турски ѕвезди“.

Во рамките на саемот ќе настапат и беспилотното борбено летало Бајрактар ТБ2, Бајрактар ТБ3, Бајрактар АКИНЏИ и турскиот воен хеликоптер АТАК.

ТЕХНОФЕСТ за прв пат се одржа во 2018 година. Агенција Анадолу е глобален комуникациски партнер на саемот за технологија ТЕХНОФЕСТ.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Нетанјаху пред Трамп со „израелска визија“ за преговорите со Иран
Лидерката на британската опозиција вели дека премиерот „на функција, но не и на власт“
Иран: Нуклеарните разговори ја покажуваат сериозноста на САД
Кина ќе ги поддржи силите на Тајван кои се залагаат за обединување
Казахстан се откажува од „суперпретседателската“ форма на управување
Лавров: Преговорите за завршување на војната во Украина се во тек, сè уште има долг пат пред нас
Билал Суџубаши избран за претседател на Управниот одбор на Меѓународниот балкански универзитет
ЕУ воведува забрана за уништување на непродадените облека и обувки
Турски Рокетсан ја претстави лизгачката муниција со вештачка интелигенција „Ерен“
Германската влада планира нарачка на борбени дронови вредни 536 милиони евра
Регистар на цени и закупнини: Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови
Венецуела соопшти дека 896 притвореници се ослободени, а лидерот на опозицијата повторно е уапсен
ССМ на протест пред Собранието
Макрон: Европа треба да се подготви за понатамошна конфронтација со САД
Високиот ирански безбедносен функционер пристигна во Оман за да разговара за нуклеарните разговори