| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Русија: Забраната за извоз на гориво останува во сила
Русија, еден од најголемите светски производители на нафта, извезува околу 900.000 барели дизел-гориво и 100.000 барели бензин дневно
Русија: Забраната за извоз на гориво останува во сила
Владата одлучи да го ограничи извозот на бензин и дизел-гориво со цел да се балансира локалниот пазар / Photo: AA / AA
28 септември 2023

Руската забрана за извоз на бензин и дизел-гориво ќе остане во сила сѐ додека на домашниот пазар не се стабилизираат залихите на гориво и цените, изјави денес рускиот министер за енергетика Николај Шулгинов, јавува руската агенција ТАСС.

Руската Влада одлучи на 21 септември да го ограничи извозот на бензин и дизел-гориво со цел да се балансира локалниот пазар.

Според зборовите на Шулгинов, Владата, институциите и релевантните компании ќе продолжат внимателно да го следат пазарот со цел да се одржи рамнотежата меѓу производителите и потрошувачите на рускиот пазар на гориво.

За таа цел руското Министерство за енергетика ја следи и испораката на гориво до земјоделските производители.

Шулгинов напомена дека очекуваат дополнително стабилизирање на пазарот и намалување на цените.

Русија, еден од најголемите светски производители на нафта, извезува околу 900.000 барели дизел-гориво и 100.000 барели бензин дневно.

Лани извозот на дизел од земјата изнесуваше 35 милиони тони, а на бензинот 4,8 милиони тони.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Туркије: НАТО неутрализирала балистичка ракета испукана од Иран во турскиот воздушен простор
Четири члена на екипажот загинале во уривањето на американскиот авион КЦ-135 во Ирак
Литванскиот МНР ги обвини сојузниците на НАТО за трошоците за одбрана
Сијарто: ЕУ по примерот на САД да ги укине санкциите за руска нафта
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни
Иранската револуционерна гарда тврди дека ги нападнала американските бази во Јордан, Бахреин и Ирак
Вучиќ: Србија се подготвува за можен напад од страна на алијансата Хрватска-Албанија-Косово
Француски војник загина, неколку се ранети во напад со дрон врз воена база во северен Ирак
Американски воен авион се урна во западен Ирак
САД, Русија и Кина се судрија во Советот за безбедност на ОН околу нуклеарната програма на Иран
Ердоган: Туркије спроведува интензивна дипломатија за да ја спречи спиралата на насилство