Дигиталните вештини се повеќе неопходни, како стои Балканот споредено со ЕУ
КУЛТУРА
2 МИН ЧИТАЊЕ
Дигиталните вештини се повеќе неопходни, како стои Балканот споредено со ЕУНад половина од населението во ЕУ располага со основни или над просекот дигитални вештини, или вкупно 53.92 отсто. За споредба просекот во земјите за Западен Балкан за ова ниво на дигитални вештини, за кои има податоци, изнесува 36.31 отсто.
Од регионот Албанија котира најлошо, а најдбро рангирана е Црна Гора / Фото:  / Others

Дигиталните вештите ќе станат се повеќе неопходни за модерниот пазар на труд, сметаат кариерните советници и главните препораки се новите образовни програми да се фокусираат на предизвиците кои ќе ги донесе вештачката интелигенција, а работниците да инвестираат во нови знаења од сајбер светот.

Според индикаторот на Европската Комисија за основни или над просекот дигитални вештини на дното од регионот е Албанија.

Податоците на Евростат укажуваат дека над половина од населението во рамки на земјите членки на ЕУ располага со основни или над просекот дигитални вештини, или вкупно 53.92 отсто. За споредба просекот во земјите за Западен Балкан за ова ниво на дигитални вештини, за кои има податоци, изнесува 36.31 отсто.

Во Албанија само 23.8% од населението располага со ваков степен на дигитални вештини, а следи Северна Македонија со 34.62 отсто.

Босна и Херцеговина е за нијанса подобро котирана со 34.65 отсто, во Србија нивото на дигитални вештини кои се основни или над просекот го поседуваат 41.3 отсто од граѓаните, а најдобро котира Црна Гора со 47.21 отсто или речиси половина од населението располага со ваков вид на дигитални вештини.

Од земјите кои се членки на Европската Унија, а се од регионот, најлошо според овој индикатор котира Романија со 27.82%, а по неа следи Бугарија со 31.18%. Од регионот над европскиот просек е сместена Хрватска каде дури 63.37% од населението располага со основни или над просекот дигитални вештини.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев