| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Столтенберг во среда во Скопје со лидерите на НАТО-сојузниците од Балканот
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на почетокот на следната недела ќе ја започне четиридневната балканска турнеја, за време на која ќе ги посети Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Северна Македонија
Столтенберг во среда во Скопје со лидерите на НАТО-сојузниците од Балканот
Столтенберг ќе го посети и кампот на НАТО КФОР Нотинг Хил на Косово / Photo: AA / AA
17 ноември 2023

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на почетокот на следната недела ќе ја започне четиридневната балканска турнеја, за време на која ќе ги посети Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Северна Македонија.

Столтенберг ќе ги посети земјите од Западен Балкан од 19 до 22 ноември, соопшти НАТО.

Турнејата започнува во недела, кога Столтенберг ќе пристигне во Босна и Херцеговина и истиот ден ќе има работна вечера со членовите на Претседателството на БиХ.

Во понеделник, на 20 ноември, планирани се средби со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришта и високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит.

За време на посетата на Босна и Херцеговина, предвидена е обиколка на седиштето на НАТО во Сараево, каде Столтенберг ќе оствари средба со раководството.

Истиот ден тој ќе отпатува за Косово, каде ќе се сретне со претседателката Вјоса Османи-Сандриа и со премиерот Албина Курти.

Како што е најавено од НАТО, Столтенберг ќе го посети кампот на НАТО КФОР Нотинг Хил на Косово и ќе се сретне со командантот генерал-мајор Озкан Улутас и ќе им се обрати на војниците. Предвидена е и средба со лидерот на советодавниот тим на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО во вторник на 21 ноември ќе престојува во Белград, каде што треба да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.

Столтенберг ќе разговара и со српски научници кои ќе ја претстават технологијата развиена во контекст на проектите на НАТО „Наука за мир и безбедност“.

Истиот ден, тој ќе отпатува за Скопје, каде ќе има средби со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, како и со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, а ќе се обрати пред пратениците.

Во среда, на 22 ноември, Столтенберг во Скопје ќе учествува на средба со лидерите на земјите од регионот кои се членки на НАТО алијансата, на која се поканети албанскиот премиер Еди Рама, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и словенечкиот премиер Роберт Голоб.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туркије: НАТО неутрализирала балистичка ракета испукана од Иран во турскиот воздушен простор
Четири члена на екипажот загинале во уривањето на американскиот авион КЦ-135 во Ирак
Литванскиот МНР ги обвини сојузниците на НАТО за трошоците за одбрана
Сијарто: ЕУ по примерот на САД да ги укине санкциите за руска нафта
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни
Иранската револуционерна гарда тврди дека ги нападнала американските бази во Јордан, Бахреин и Ирак
Вучиќ: Србија се подготвува за можен напад од страна на алијансата Хрватска-Албанија-Косово
Француски војник загина, неколку се ранети во напад со дрон врз воена база во северен Ирак
Американски воен авион се урна во западен Ирак
САД, Русија и Кина се судрија во Советот за безбедност на ОН околу нуклеарната програма на Иран
Ердоган: Туркије спроведува интензивна дипломатија за да ја спречи спиралата на насилство