| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Мосад предлага договор: 35 заложници за 35 дена пауза во борбите
Паузата како што јавуваат израелските медиуми може да биде продолжена во зависнст од дополнителен договор за ослободување различни категории заложници
Мосад предлага договор: 35 заложници за 35 дена пауза во борбите
Сè уште не е јасно колку палестински затвореници ќе бидат ослободени за возврат / Photo: AA / AA
1 февруари 2024

Шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Дејвид Барнеа, денеска претстави нацрт договор за заложници со Хамас, кој би можел да вклучи ослободување на 35 заробеници во замена за 35-дневна пауза во борбите.

Според израелските медиуми во првата фаза од предложениот договор ќе бидат ослободени жени, болни, повредени и постари заложници.

Паузата според медиумите може да биде продолжена за уште една недела за да се овозможат разговори за втората фаза на ослободување, вклучително и членови на одредите за цивилна одбрана и машки заложници.

Сè уште не е јасно колку палестински затвореници ќе бидат ослободени за возврат, но Хамас бара ослободување на квалитетните затвореници како дел од договорот.

Според весникот Једиот Ахронот, Хамас инсистира Марван Баргути, Ахмед Саадат и Абдула Баргути да бидат на списокот на затвореници што треба да бидат ослободени во секој нов договор.

Според палестинските анкети 64-годишниот Баргути, член на Централниот комитет на Фатах, е најповолен да претседава со палестинската управа со седиште во Рамала по претседателот Махмуд Абас.

Тој беше уапсен од Израел во 2002 година и доби пет доживотни затворски казни.

Саадат, генералниот секретар на Народниот фронт за ослободување на Палестина (PFLP), беше уапсен во 2008 година и доби 30-годишна затворска казна во врска со убиството на израелскиот министер за туризам Рехавам Зееви во 2001 година.

Абдула Баргути е врвен лидер на Хамас и доби повеќекратни доживотни затворски казни за серија напади врз Израелци.

Израел одби да ги вклучи тројцата лидери во претходниот договор за размена на затвореници со Хамас во 2011 година, со кој беше ослободен израелскиот војник Гилад Шалит во замена за над 1.000 палестински затвореници.

Белата куќа во понеделникот соопшти дека преговарачите кои сакаат да постигнат договор за ослободување на дополнителните заложници кои ги држеше Хамас направиле рамка што може да доведе до евентуален договор.

Во вторникот, шефот на Хамас Исмаил Ханије потврди дека неговата група го проучува предлогот за договор за прекин на огнот со Израел.

Се верува дека Хамас држи речиси 136 Израелци по неговиот прекуграничен напад на седми октомври.

Израел започна смртоносна офанзива на Појасот Газа на седми октомври, при што загинаа најмалку 26.900 Палестинци и беа повредени 65.949. Се верува дека во нападот на Хамас биле убиени речиси 1.200 Израелци.

Израелската офанзива остави 85 отсто од населението во Газа внатрешно раселено поради сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата според Обединетите Нации е оштетена или уништена.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туркије: НАТО неутрализирала балистичка ракета испукана од Иран во турскиот воздушен простор
Четири члена на екипажот загинале во уривањето на американскиот авион КЦ-135 во Ирак
Литванскиот МНР ги обвини сојузниците на НАТО за трошоците за одбрана
Сијарто: ЕУ по примерот на САД да ги укине санкциите за руска нафта
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни
Иранската револуционерна гарда тврди дека ги нападнала американските бази во Јордан, Бахреин и Ирак
Вучиќ: Србија се подготвува за можен напад од страна на алијансата Хрватска-Албанија-Косово
Француски војник загина, неколку се ранети во напад со дрон врз воена база во северен Ирак
Американски воен авион се урна во западен Ирак
САД, Русија и Кина се судрија во Советот за безбедност на ОН околу нуклеарната програма на Иран
Ердоган: Туркије спроведува интензивна дипломатија за да ја спречи спиралата на насилство