| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Враќањето на вселенската мисија Аксиом-3 повторно е одложено
Враќањето на Земјата на вселенското летало Dragon и тимот Аксиом-3 (Ax-3), вклучувајќи го и првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи, е одложено поради неповолните временски услови во близина на брегот на Флорида
Враќањето на вселенската мисија Аксиом-3 повторно е одложено
Мисијата Ax-3 беше лансирана на 18 јануари / Photo: AA / AA
6 февруари 2024

Враќањето на екипажот на мисијата Аксиом-3 од Меѓународната вселенска станица (ICC) повторно е одложено поради неповолните временски услови, објави SpaceX.

Приватната вселенска компанија соопшти дека враќањето на Земјата на вселенското летало Драгон и тимот Аксиом-3, вклучувајќи го и првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи, е одложено поради неповолните временски услови во близина на брегот на Флорида.

„Вселенското летало Акс-3 и екипажот се безбедни, а тимовите ќе продолжат да ги следат временските услови за следната достапна можност“, велат тие.

Враќањето на тимот Ax-3 на Земјата првично беше закажано за 3-ти февруари, но потоа беше одложено на 5-ти февруари и повторно одложено поради неповолните временски услови на брегот.

Мисијата Ax-3 беше лансирана на 18 јануари од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида со ракетата Фалкон 9 на приватната вселенска компанија SpaceX и се приклучи на Меѓународната вселенска станица на 19 јануари.

Екипажот спроведе повеќе од 30 научни експерименти.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Туркије: НАТО неутрализирала балистичка ракета испукана од Иран во турскиот воздушен простор
Четири члена на екипажот загинале во уривањето на американскиот авион КЦ-135 во Ирак
Литванскиот МНР ги обвини сојузниците на НАТО за трошоците за одбрана
Сијарто: ЕУ по примерот на САД да ги укине санкциите за руска нафта
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни
Иранската револуционерна гарда тврди дека ги нападнала американските бази во Јордан, Бахреин и Ирак
Вучиќ: Србија се подготвува за можен напад од страна на алијансата Хрватска-Албанија-Косово
Француски војник загина, неколку се ранети во напад со дрон врз воена база во северен Ирак
Американски воен авион се урна во западен Ирак
САД, Русија и Кина се судрија во Советот за безбедност на ОН околу нуклеарната програма на Иран
Ердоган: Туркије спроведува интензивна дипломатија за да ја спречи спиралата на насилство