| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Русија и Украина разменија по 100 воени заробеници со посредство на ОАЕ
Размената е втора меѓу двете страни откако руското Министерство за одбрана ја обвини Украина за соборување на авионот со 65 заробени украински војници за размена на затвореници на 24 јануари
Русија и Украина разменија по 100 воени заробеници со посредство на ОАЕ
На сите ослободени им е укажана потребната медицинска и психолошка помош / Фото: Reuters / Reuters
9 февруари 2024

Русија и Украина разменија по 100 воени заробеници со посредство на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), објави руското Министерство за одбрана.

Се наведува дека 100 руски војници се разменети за 100 украински војници, кои веќе се префрлени во Киев.

„Ослободените војници ќе бидат транспортирани во Москва со воено-транспортни авиони на руските воздушни сили на лекување и рехабилитација“, соопшти Министерството.

„На сите ослободени им е укажана потребната медицинска и психолошка помош“, се додава.

Министерството ја пофали улогата на Обединетите Арапски Емирати, велејќи дека властите обезбедиле „помош за хуманитарно посредување“.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски одделно ја потврди размената и рече дека 100 војници кои биле вратени од Русија се од Националната гарда, Државната гранична служба и вооружените сили.

Размената е втора меѓу двете страни откако руското Министерство за одбрана ја обвини Украина за соборување на авионот со 65 заробени украински војници за размена на затвореници на 24 јануари.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Туркије: НАТО неутрализирала балистичка ракета испукана од Иран во турскиот воздушен простор
Четири члена на екипажот загинале во уривањето на американскиот авион КЦ-135 во Ирак
Литванскиот МНР ги обвини сојузниците на НАТО за трошоците за одбрана
Сијарто: ЕУ по примерот на САД да ги укине санкциите за руска нафта
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни
Иранската револуционерна гарда тврди дека ги нападнала американските бази во Јордан, Бахреин и Ирак
Вучиќ: Србија се подготвува за можен напад од страна на алијансата Хрватска-Албанија-Косово
Француски војник загина, неколку се ранети во напад со дрон врз воена база во северен Ирак
Американски воен авион се урна во западен Ирак
САД, Русија и Кина се судрија во Советот за безбедност на ОН околу нуклеарната програма на Иран
Ердоган: Туркије спроведува интензивна дипломатија за да ја спречи спиралата на насилство