| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Холандија мора да ја прекине испораката на делови за Ф-35 на Израел
Холандскиот апелационен суд ја усвои жалбата на организациите за човекови права, тврдејќи дека набавката на делови за борбените авиони од Холандија придонела за „кршење на меѓународното право од страна на Израел“ во неговата војна со Хамас
Холандија мора да ја прекине испораката на делови за Ф-35 на Израел
Деловите за Ф-35, произведени од САД, се чуваат во складиште во Холандија / Photo: AA / AA
12 февруари 2024

Холандија мора да ја прекине испораката на делови за борбените авиони Ф-35 на Израел во рок од седум дена, наложи во понеделникот холандскиот апелационен суд.

Одлуката дојде откако судот ја усвои жалбата на организациите за човекови права, кои тврдеа дека снабдувањето со делови придонело за „кршење на меѓународното право од страна на Израел“ во неговата војна со Хамас.

„Судот ѝ нареди на државата да го прекине целиот извоз и транзит на делови од Ф-35 со крајна дестинација Израел во рок од седум дена по доставувањето на оваа пресуда“, соопшти судот.

„Со тоа, Холандија придонесува за сериозно кршење на хуманитарното право за војна во Газа“, рекоа групите за човекови права.

Деловите за Ф-35, произведени од САД, се чуваат во складиште во Холандија.

И покрај привремената одлука на Меѓународниот суд на правдата минатиот месец да престане со геноцидни дејствија Израел ја продолжува својата воена офанзива на Појасот Газа, каде што според палестинските здравствени власти се убиени најмалку 28.176 Палестинци, главно жени и деца, а 67.784 лица се повредени од 7 октомври.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Турскиот претседател повика на посилна транспортна интеграција меѓу муслиманските земји
Фидан: САД и Иран покажуваат флексибилност во врска со нуклеарниот договор
Првиот турски беспилотен брод обезбеди партнерство со Саудиска Арабија
Сириja ја презеде контролата врз стратешката база Ал-Танф по повлекувањето на американските војници
Германската полиција уапсила двајца членови на терористичката организација ПКК со оружје и дрога
Бугарија: Андреј Ѓуров именуван за вршител на должноста премиер до предвремените избори
Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на царините на Трамп кон Канада
Состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел
Русија планира да и испрати нафта на Куба како хуманитарна помош
Десетици приведени демонстранти и повредени полицајци на протести во Аргентина
ФБИ ја уништил оригиналната затворска снимка од ноќта на смртта на Епштајн
Косово конечно доби влада, Албин Курти по третпат е премиер
Македонски државјанин со срцева болст опериран во Германија со роботски систем
Албулена Хаџиу избрана за собраниски спикер на Косово
Ердоган: Туркије и Грција да држат отворени канали за дијалог како соседи и сојузници