| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Бојмацалиев: Македонските граѓани може да патуваат со лични карти за БиХ
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев остварил телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, во врска со одобрувањето за патување на граѓаните на Северна Македонија со лична карта.
Бојмацалиев: Македонските граѓани може да патуваат со лични карти за БиХ
Бојмацалиев: Македонските граѓани може да патуваат со лични карти за БиХ / Others
27 февруари 2024

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев утрово остварил телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, во врска со одобрувањето на Босна и Херцеговина за патување на граѓаните на Република Северна Македонија со лична карта, соопштија од МВР.

Бојмацалиев и Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година.

„Во оваа прилика Бојмацалиев го истакна значењето на градење мостови со пријателските земји, и рече дека оваа можност е во рамките на засилената соработката и унапредените односи помеѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина во изминатиов период, како и тоа дека истата пракса е веќе воспоставена и со Република Србија, Албанија и Косово каде што се дозволува влез со лична карта со старото име на државата. Воедно, Бојмацалиев потенцираше дека МВР е подготвено да стори се’ што е потребно за да им се овозможи на граѓаните да ги остварат сите свои со Устав и со закон загарантирани права“, се подвлекува во соопштението од МВР.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Орбан: Планот на ЕУ за забрзан прием на Украина е отворена објава на војна против Унгарија
Европските земји ги осудуваат израелските мерки за проширување на контролата врз Западниот Брег
Објавени имињата на шест потенцијални соучесници на Епштајн прикриени во неговите досиеја
Стотици демонстранти протестираа пред австралискиот парламент против посетата на Херцог
Ердоган назначи нови министри за правда и внатрешни работи во реконструкцијата на кабинетот
Нетанјаху се сретна со американските преговарачи за Иран пред разговорите со Трамп
Тирана: Десетици приведени демонстранти и повредени полицајци на протестите против владата на Рама
Триесет години од атентатот врз претседателот Глигоров: Се бараат одговори на четири клучни прашања
Најмалку десет мртви во масакр во училиште во Канада
Фидан: Режимот во Иран нема да падне со воздушни напади
Трамп размислува за распоредување втор носач на авиони во близина на Иран
Мицкоски по заплената на 40 тони марихуана: Никој не е над законот
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс пристигна во посета на Азербејџан
Нетанјаху пред Трамп со „израелска визија“ за преговорите со Иран
Лидерката на британската опозиција вели дека премиерот „на функција, но не и на власт“