| Macedonian
Надлежните малку ги користат податоците за вистински сопственици на фирмите
Според анализата, институциите и надлежната Управа за финансиско разузнавање имаат различни податоци за бројот на случаи против перењето пари и финансирањето тероризам.
Надлежните малку ги користат податоците за вистински сопственици на фирмите
Надлежните малку ги користат податоците за вистински сопственици на фирмите /      Фото: МИА

Надлежните институции во земјава малку ги користат податоците за вистинските сопственици во насока на спречување, откривање и санкционирање на перењето пари и во борбата против тероризмот, а се чини, воопшто не ги користат за други цели и за спречување корупција, криминал и злоупотреби во другите области, се наведува во денеска објавените резултати од анализата на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во државава, на Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо.

Според анализата, институциите и надлежната Управа за финансиско разузнавање имаат различни податоци за бројот на случаи против перењето пари и финансирањето тероризам.

„Од 2022 до април 2024 година, Управата примила 194 иницијативи од надлежните органи од кои, натаму, изработила и поднела 21 извештај до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Дополнително, Управата во истиот период поднела до ова обвинителство и 50 извештаи за сомнителни трансакции, по сопствена иницијатива. Од вкупно 71 извештај што Управата го има поднесено до Обвинителството, 70 проценти се по сопствена иницијатива, а останатите 30 проценти по претходно примена иницијатива од некоја од надлежните институции. Од 17 институции во земјава со коишто Управата треба да соработува, од кои осум се директно наведени во законот дека треба да се борат против перењето пари и финансирањето тероризам, само две имаат конкретни бројки за случаите за коишто користеле податоци од Регистарот на вистински сопственици“, покажува анализата.

ЦГК потсетува дека државава не ја презеде обврската што ја препорача ММФ за време за кризата со КОВИД-19 – да ги објави имињата на вистинските сопственици на фирмите што склучиле договор за јавни набавки поврзани со корона-кризата и оти не ја спроведе ниту заложбата од Националниот акциски план за Партнерството за отворена власт 2021 – 2023 да ги објавува јавно вистинските сопственици на фирмите понудувачи и на оние што добиле договор за јавна набавка. Исто така и дека Европската Унија и ОЕЦД имаат забелешки за недоволното користење на податоците од регистарот на вистински сопственици.

„За унапредување на користењето на податоците за вистинските сопственици во земјава се препорачува: проширување на опфатот на вистинските сопственици, олеснување на пристапот до податоците до поширок круг на заинтересирани страни, поврзување со други бази и податоци, поголема интероперативност меѓу институциите и унапредување на проверката на податоците“, стои во анализата.

Проектот „Користење на податоците за вистинските сопственици за намалување на корупцијата“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

ИЗВОР:MIA
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев