| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Турскиот тек останува опција за Европа по прекинот на рускиот гас
Првиот крак со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри е наменет за снабдување на домашните корисници во Туркије, додека преку вториот се транспортира рускиот гас понатаму во југоисточна и централна Европа.
Турскиот тек останува опција за Европа по прекинот на рускиот гас
Откако рускиот енергетски гигант „Газпром“ првиот ден од Новата година објави дека е прекината испораката на гас за Европа преку Украина, европските земји останаа со само Турскиот тек (TurkStream) преку кој можат да купуваат руски гас. / Photo: AA / AA

Откако рускиот енергетски гигант „Газпром“ првиот ден од Новата година објави дека е прекината испораката на гас за Европа преку Украина, европските земји останаа со само Турскиот тек (TurkStream) преку кој можат да купуваат руски гас.

Турски тек е гасовод кој се протега од Русија до Туркије. Почнува од компресорската станица Рускаја во близина на Анапа во рускиот регион Краснодар, минувајќи низ Црното Море до терминалот за прием во Кијикој во северозападна Туркије.

Овој гасовод се состои од два крака во должина од 930 километри, кои се протегаат од Русија до Туркије преку Црното Море и посебен копнен крак во должина од 142 и 70 километри.

Првиот крак со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри е наменет за снабдување на домашните корисници во Туркије, додека преку вториот, со уште 15,75 милијарди кубни метри, се транспортира рускиот гас понатаму во југоисточна и централна Европа.

Турскиот тек официјално беше отворен на 8 јануари 2020 година, а неговата изградба започна во мај 2017 година.

Унгарија и Хрватска добиваат руски природен гас од 2021 година преку гасоводот Турски тек и понатаму преку националните системи за пренос на гас на Србија, Бугарија и Унгарија, кои го формираат гасоводот Балкански тек.

Испораката на гас преку Украина е прекината

Газпром првиот ден од Новата година објави дека е прекината испораката на природен гас за Европа преку Украина.

„Поради постојаното и експлицитно одбивање на украинската страна да ги продолжи договорите, Газпром е лишен од техничката и правната можност да испорачува гас преку територијата на Украина почнувајќи од 1 јануари 2025 година“, се вели во соопштението на Газпром на социјалната мрежа Телеграм.

Се истакнува дека се истечени договорите потпишани на 30 декември 2019 година меѓу Газпром и украинската енергетска компанија Нафтогас за транспорт на руски гас преку Украина.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Иран останува на својот предлог како основа за обновување на безбедноста во Ормускиот Tеснец
Ердоган: Братските односи меѓу Туркије и Азербејџан се нераскинливи, никој не може да ги поткопа
Претседателот на КОП31, Мурат Курум, повика климатските ветувања да се преточат во реалност
Фон дер Лајен: Мора да се обнови и зачува слободата на пловидба во Црното Море
Рубио: Дипломатски договор со Иран можеби нема да биде можен
Зеленски: ЕУ ќе употреби итен механизам за да испорача помош за Украина
Трамп очекува од Нетанјаху да го спроведе планот за Газа откако завршија изборите
Директорот на Нвидиа соочен со истрага поради љубовна афера со наводна кинеска шпионка
Јапонија испраќа воена помош за Филипините во Источнокинеското Море
Во Аргентина уапсен маж поради закани кон папата Лав XIV пред неговото пристигнување
Напаѓачот од Полска им подлегна на раните по престрелката со полицијата
Трамп размислува да остане неутрален во изборот на негов наследник меѓу републиканците во 2028
Трагедија на Крит: 12 мигранти пронајдени мртви, повеќе од 100 спасени
Кина ја продолжува суспензијата на дополнителните царини за увоз од САД за 2 месеци
Анкара и Багдад ја потврдуваат посветеноста кон ставање крај на присуството на ПКК во Синџар