| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Скопје пак меѓу првите 10 града со најзагаден воздух во светот
На глобално ниво, најзагаден град е Лахор во Пакистан, а по него следуваат Њу Делхи, Вухан, Дака, Карачи и други градови, Скопје е на осмо место, единствен европски град меѓу најзагадените во светот
Скопје пак меѓу првите 10 града со најзагаден воздух во светот
Индексот на загаденост во Скопје достигна 183, што е висока вредност / Photo: AA / AA

Главниот град на Северна Македонија, Скопје, утринава повторно се најде на ранг-листата меѓу првите 10 града со најзагаден воздух во светот.

Според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот Ајкју Ер (IQAir), индексот на загаденост во Скопје достигна 183, што е висока вредност.

На глобално ниво, најзагаден град е Лахор во Пакистан, а по него следуваат Њу Делхи, Вухан, Дака, Карачи и други градови. Скопје е на осмо место, единствен европски град меѓу најзагадените во светот.

Експертите предупредуваат дека високите концентрации на загадувачки честички, особено во зимските месеци, имаат сериозни последици по здравјето на граѓаните.

Главни причини за оваа состојба се фосилните горива, старите возила и индустриските испуштања, а географската поставеност на градот го задржува загадениот воздух.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Петмина загинати во пад на турски воен хеликоптер за време на лет за обука
На државите им е дозволено да враќаат мигранти инструментализирани од други земји, пресуди ЕСЧП
ОН: Околу 47.000 жени и девојки убиени од интимни партнери или членови на семејството во 2025 година
Гаши од Загреб: Бараме гаранции дека повеќе нема да ни биде блокиран патот кон ЕУ
Првата пловечка соларна електрана во Туркије ќе започне со производство на струја во 2027 година
Грчката опозиција бара одговори од Владата за наводна воена обука со озлогласена израелска бригада
Иран: Четврти танкер за нафта удрил во морска мина и се запалил во Ормускиот Теснец
Шпанија го продолжува родителското отсуство и отсуството поради жалост пред изборите
Гаши на средба со Милановиќ: Хрватска е наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО
Во Белгија отворен најголемиот капацитет за производство на сателити во Европа
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати