| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Историјата ќе ја потврди правичната позиција на Туркије за Газа
Турскиот претседател изрази надеж дека „сонцето на слободата и правдата родено во Сирија во последните недели од 2024 година ќе се види и на небото над Газа во 2025 година
Ердоган: Историјата ќе ја потврди правичната позиција на Туркије за Газа
Ердоган исто така подвлече дека Туркије е единствената земја која целосно ја прекинала трговијата со Израел, која изнесува околу 9,5 милијарди долари, поради војната во Газа / Photo: AA / AA

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во петокот изјави дека историјата ќе ја потврди правичната позиција на неговата земја за прашањето на Газа, исто како што тоа го направи во случајот со Сирија.

„Како што се покажа дека сме биле во право во однос на Сирија, така ќе покаже историјата во однос на кризата во Газа“, рече Ердоган на настанот на Собранието на турските извозници во Истанбул.

Ердоган изрази надеж дека „сонцето на слободата и правдата родено во Сирија во последните недели од 2024 година ќе се види и на небото над Газа во 2025 година“.

Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, кој беше на власт од 1963 година.

Ердоган исто така подвлече дека Туркије е единствената земја која целосно ја прекинала трговијата со Израел, која изнесува околу 9,5 милијарди долари, поради војната во Газа.

Тој посочи и дека во текот на 2024 година турскиот извоз достигна рекордно високо ниво од 262 милијарди долари, што е зголемување од 2,5 отсто на годишна основа.

Eрдоган додаде дека надворешнотрговскиот дефицит на Туркије е намален за 24 милијарди долари во 2024 година.

„Туркије има за цел да постигне економски раст од четири отсто во 2025 година преку нето-извоз и постојани капитални инвестиции“, рече турскиот претседател, додавајќи дека турската економија бележи континуиран раст во изминатите 17 квартали.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ердоган ја потврди посветеноста кон „Туркије без тероризам“ и независна одбранбена индустрија
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година
Турски извори: ПКК напушти 14 засолништа во Ирак, додека процесот на разоружување напредува
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит