| Macedonian
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Консумирањето кафе може да доведе до помал ризик од развој на рак на вратот
Во анализата, во која се комбинираат податоци од неколку истражувања, се покажа дека консумирањето четири или повеќе шолји кафе со кофеин дневно е поврзано со 17 отсто намалување на вкупниот ризик од карцином на главата и вратот
Консумирањето кафе може да доведе до помал ризик од развој на рак на вратот
Дури и консумирањето кафе без кофеин е поврзанo со 23 отсто намалување на ризикот од карцином на усната празнина / Photo: Reuters / Reuters

Лицата што редовно консумираат кафе може да се соочат со значително помал ризик да добијат карцином на главата и вратот, покажа новото истражување.

Истражувачите од Институтот за карцином „Хантсман“ во САД анализирале податоци од 9.548 пациенти со карцином и 15.783 здрави лица.

Во анализата, во која се комбинираат податоци од неколку истражувања, се покажа дека консумирањето четири или повеќе шолји кафе со кофеин дневно е поврзано со 17 отсто намалување на вкупниот ризик од карцином на главата и вратот, објавија истражувачите во „КАНЦЕР“, списание на Американското здружение за рак.

Кај оние што консумираат кафе се покажале 30 отсто помали шанси за карцином на усната празнина и 22 отсто помали шанси за карцином на грлото во споредба со оние што не пијат кафе.

Дури и консумирањето кафе без кофеин е поврзана со 23 отсто намалување на ризикот од карцином на усната празнина.

Консумирањето чај покажало измешани резултати.

Пиењето една шолја или помалку дневно е поврзано со 9 отсто помал вкупен ризик од карцином на главата и вратот, а консумирањето повеќе од една шолја е поврзано со 38 отсто поголеми шанси за ларингеален карцином, покажа истражувањето.

„Навиките за кафе и чај се прилично сложени“, рече авторката Јуан-Чин Ејми Ли од истражувачкиот центар.

„Овие наоди ја поддржуваат потребата за повеќе податоци и дополнителни истражувања околу влијанието што кафето и чајот можат да го имаат врз намалувањето на ризикот од карцином“, додаде таа.

Истражувањето добива значење бидејќи ризикот од карциномот на главата и вратот, кој е рангиран како седми најчест карцином на глобално ниво, продолжува да расте во земјите со низок и среден приход.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев
Калифорниската адвокатска комора го истражува адвокатскиот статус на поранешната портпаролка
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“