| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Во Луизијана потврден првиот смртен случај на човек од птичји грип во САД
Министерството за здравство на Луизијана ја увери јавноста дека ризикот од ширење на птичјиот грип меѓу луѓето останува многу низок
Во Луизијана потврден првиот смртен случај на човек од птичји грип во САД
Во Луизијана потврден првиот смртен случај на човек од птичји грип во САД / Photo: AA / AA

Американските здравствени власти во сојузната држава Луизијана го потврдија првиот смртен случај на човек предизвикан од птичји грип, познат и како H5N1.

„Пациентот беше на возраст над 65 години и беше пријавено дека има хронични болести. Пациентот се заразил со H5N1 откако бил изложен на некомерцијална живина во дворот и диви птици“, се вели во соопштението на Одделот за здравство во Луизијана.

Лицето било хоспитализирано и покрај медицинската нега подлегнал на болеста.

Тоа е првиот и единствен случај на птичји грип кај луѓе пријавен во Луизијана или во САД.

Изразувајќи сочувство до семејството на пациентот, Министерството за здравство на Луизијана ја увери јавноста дека ризикот од ширење на птичјиот грип меѓу луѓето останува многу низок.

Меѓутоа, луѓето кои работат со птици, живина или на фарма, или оние кои поминуваат време во области каде живеат диви птици се изложени на поголем ризик од зараза.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година
Турски извори: ПКК напушти 14 засолништа во Ирак, додека процесот на разоружување напредува
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија