| Macedonian
Охрид ја заокружи 2024 година со една од подобрите туристички сезони
Како причина повеќе за добрата посетеност субјектите што работат во областа на угостителството и туризмот ја посочуваат и севкупната геополитичка состојба во светот.
Охрид ја заокружи 2024 година со една од подобрите туристички сезони
Охрид ја заокружи 2024 година со една од подобрите туристички сезони / Фото: АА (Архива) / Photo: AA Archive / AA Archive

Годината што измина во Охрид секако може да се издвои како една од подобрите кога станува збор за севкупната туристичка посетеност.

Можеби бројките за тоа колку гости дошле во градот дали на летување, дали на продолжен викенд или пак на еднодневна посета и не покажуваат некаква блескава сезона, сепак, ситуацијата на терен односно самите граѓани се сведоци дека 2024 година, особено летниот период градот беше доста добро посетен и што е можеби најважно, главната туристичка сезона траеше значително подолго отколку претходните. Гости и туристи во градот имаше уште од април па се до пред месец, два.

Најчесто тоа беа организирани групни посети, дел од нив со гости само на ноќевање или две. Сепак, главните улици низ градот беа исполнети со туристи, најпознатите туристички атракции и локации одредени денови беа претесни да ги примат заинтересираните посетители.

Причините за тоа се повеќеслојни, но вреди да се споменат некои од нив. Причина за зголемената посетеност охриѓани гледаат, меѓу другото, и во завршувањето на неколкугодишните рестрикции за патувања наметнати со фамата Ковид-19.

Покрај за останатите, после неколку години, Охрид повторно стана достапен за нашинците од прекуокеанските земји, најмногу оние од Австралија и Нов Зеланд кои можеби не се параметарот што ја детерминира туристичка посетеност, но нивниот број секако не е за занемарување, дотолку повеќе што тие важат за добри потрошувачи односно посакувани гости во угостителските објекти...

Како причина повеќе за добрата посетеност субјектите што работат во областа на угостителството и туризмот ја посочуваат и севкупната геополитичка состојба во светот. Несигурноста во иднината, каде тоа оди светот со новоотворените воени жаришта и стравувањата од економска криза како да ги натера луѓето да подзаборават на чипчење, штедење и малку повеќе од заработеното да издвојат за некое патување. Во Охрид ова лето видовме туристи од целиот свет, од дестинации што не се карактеристични за минатите времиња, дури посетители од далечни азиски земји...

Секако, и ова лето најбројни беа гостите од соседството, со тоа што најмногу гости имаше од Туркије и тоа секој охриѓанец добро го знае и ќе го потврди.

Она каде што најмногу како дестинација потфрлува Охрид, а нотирано и од самите гости, секако е инфраструктурата односно лошото сообраќајно поврзување на градот со другите центри во регионот.

Очајно лошиот пат во насока од Кичево одвраќа голем број туристи кои од летување во Грција планирале да поминат ден два на Охридското Езеро. Тука во најголем дел предничат гостите од Србија кои без исклучок од летување во соседна Грција секогаш последните пари ги трошеле во Охрид. Тука мора да се нотира и фактот дека Србите кај угостителите во Охрид важат за најдобри потрошувачи и како такви за најпожелни гости.

Ниту конекцијата од градот со Битола ниту со Свети Наум не е за фалење со оглед на заложбите Охрид да се наметне на пошироката туристичка сцена како посакувана дестинација.

Но, најгрдата слика, а првата што ја гледаат туристите што со авион ќе допатуваат во градот, е делницата на потегот од охридскиот аеродром до влезот во градот. Крајно неуреден простор, прашина, сообраќаен метеж, исклучително накарадно скрпената „клучка“ кај Подмоље наликува на се освен на крстосница на магистрални патни правци.

Забележителни се активности на терен последните седмици кога станува збор за доизградбата на историската автопатска делница до Кичево, со уверувања и ветувања од надлежните дека за наредната сезона ќе биде готов делот од автопатот до градот, барем до аеродромот. Во комбинација со најавените нови авионски линии од охридскиот аеродром, тоа е позитивен исчекор во подобрувањето на туристичката понуда на Охрид...

Очекувањата на упатените во индустријата укажуваат дека и оваа 2025 година нема причина да не се задржи позитивната динамика во туристичкиот сектор.

ИЗВОР:MIA
Повеќе
Што извезуваат земјите од Балканот најмногу во светот?
Кина лансираше 18 сателити за вселенската констелација „Спејсејл“
Фондот за богатство на Туркије станува најголем акционер во автомобилскиот бренд Тог
Редит: Забраната на Австралија за социјални медиуми под 16 години е неефикасна
Туркије цели кон 13 „еднорог“ стартапи и милијарда долари ризичен капитал во 2027 година
Крипто-берзата Бајненс по хакерскиот напад го врати пристапот до средствата на корисниците
Истражување: Предвидувања за рак на простата десет години однапред
Норвешка разгледува ограничувања за изградбата на податочни центри
Најголемата кражба на криптовалути во историјата: Хакери украле над 6,3 милијарди долари
Италија ја обвини Германија дека е виновна за порастот на цените на гасот
САД го прогласија хелиумот за стратешки ресурс
Алгоритамско манипулирање со реалноста: Скриената штета на ВИ во здравството
Како израелски фирми користеле реклами без кликнување за инсталирање на шпионски софтвер
Како Кина ја преобликуваше својата мапа на извоз надвор од САД
Волво Карс ќе укине 2.500 работни места, откако падот на пазарот во Кина доведе до квартална загуба
Тесла има цел да започне со испорака на роботакси-возила за клиентите до крајот на годината
МДТ: Веб-страниците на Владата и министерствата навремено заштитени од критичните ранливости во ПХП
Агенти на вештачка интелигенција неовластено управувале со банкарски сметки во САД
Акциите на Мета скокнаа по намалените трошоци и скратената работна сила
Веб-страници на Влади и компании ширум светот беа исклучени откако ВИ откри пропусти во безбедноста