| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Тројца Палестинци убиени во напад со дрон на Западниот Брег
Според палестинската новинска агенција ВАФА, израелската армија извршила напад со дрон во градот Тамун, а во кој загинале деветгодишниот Риза Бешарат, десетгодишниот Хамза Бешарат и 23-годишниот Адем Бешарат
Тројца Палестинци убиени во напад со дрон на Западниот Брег
Израелските сили ги задржале телата на убиените Палестинци / Photo: AA / AA

Тројца Палестинци, меѓу кои две деца, беа убиени во средата во напад на израелско беспилотно летало во Тубас на окупираниот Западен Брег.

Според палестинската новинска агенција ВАФА, израелската армија извршила напад со дрон во градот Тамун, југоисточно од градот Тубас.

Во нападот загинаа деветгодишниот Риза Бешарат, десетгодишниот Хамза Бешарат и 23-годишниот Адем Бешарат.

Израелските сили ги задржаа телата на убиените Палестинци.

Локалните извори наведуваат дека нападот бил извршен врз станбена зона и дека цел на напад биле Палестинците кои биле блиску до нивните домови.

Во текот на изминатите неколку години, израелската армија извршуваше редовни напади на Западниот Брег, кои ескалираа со почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година. Палестинците, исто така, често се напаѓани од илегални израелски доселеници.

Оттогаш најмалку 840 Палестинци се убиени, а повеќе од 6.700 се ранети во израелските воени напади на окупираната територија, соопшти палестинското Министерство за здравство.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Украина извести за „огромен напредок“ во мировните преговори со Русија
Ердоган повика на климатски акции од развиените нации истакнувајќи го израелскиот екоцид во Газа
Иран нема да дозволи збогатениот ураниум да биде изнесен од земјата
Гутереш ги повика државите да усвојат нов „Договор за климатска правда“ на КОП31
Лавров по средбата со Вулин: Русија е посветена на гасните договори со Србија
Втора рунда преговори меѓу САД, Русија и Украина во Абу Даби
Сирискиот претседател Шара пристигна во Туркије на климатскиот самит
Ердоган и Гутереш засадија садници од маслинка на самитот КОП31
Двајца загинати во Русија по украински напад со дронови
Републиканците во Претставничкиот дом го блокираа предлогот за импичмент против шефот на Пентагон
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Арапската Заедничка листа: Нетанјаху е во хистерија, ќе работиме на негово отстранување од власта
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата
Тошковски: За 29 отсто намален бројот на загинати во сообраќајки