| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Петмина Палестинци убиени во израелски напад врз засолниште во Појасот Газа
Очевидци рекоа дека нападот бил насочен кон училиштето Салах ал-Дин во населбата Ал Дараџ, кое служи како засолниште за раселените
Петмина Палестинци убиени во израелски напад врз засолниште во Појасот Газа
Петмина Палестинци убиени во израелски напад врз засолниште во Појасот Газа / Photo: AA / AA

Петмина Палестинци се убиени, а повеќемина се повредени рано утринава во израелски воздушен напад чија цел беше засолниште во градот Газа, изјави медицински извор за Анадолу.

Очевидци рекоа дека нападот бил насочен кон училиштето Салах ал-Дин во населбата Ал Дараџ, кое служи како засолниште за раселените.

Претходно, цивилната одбрана ја објави првичната бројка од четворица Палестинци убиени во нападот.

Израелската Армија уби повеќе од 46.500 Палестинци, повеќето жени и деца, во Газа во нападите кои започнаа по прекуграничниот упад на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Во ноември 2024 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против енклавата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ
МВР, МТСП и ЈО: Брза заштита за жртвите и решителен прогон на семејните насилници
Протести пред македонската Влада поради зголемениот број фемициди со конкретни барања
ЕУ и Велика Британија договорија подлабока безбедносна соработка
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата