| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Билансот на убиени Палестинци во геноцидот во Газа достигна речиси 46.600
Израелските сили убија 19 лица, а повредија 71 во два масакра на семејства низ Газа во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство, според кое, многу луѓе сè уште се заробени под урнатините бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив
Билансот на убиени Палестинци во геноцидот во Газа достигна речиси 46.600
Министерството истакна дека досега во нападите се повредени најмалку 109.731 Палестинец / Photo: AA / AA

Најмалку уште 19 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади врз Појасот Газа, со што билансот од октомври 2023 година достигна 46.584, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата.

Министерството истакна дека досега во нападите се повредени најмалку 109.731 Палестинец.

„Израелските сили убија 19 лица, а повредија 71 во два масакра на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Министерството за здравство истакна дека во денешните бројки додадени се и 499 Палестинци, чии имиња се документирани и потврдени од релевантниот Комитет на Министерството, со кои вкупниот број достигна 46.537.

Израелската армија ја продолжува геноцидната војна во Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на итен прекин на огнот.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мерц: ЦДУ ја номинираше Ајгнер за претседателка на Германија
Украинска делегација заминува за Абу Даби на разговори со посредство на САД
Израел објави тендер за над 700 населби во близина на Витлеем во окупираниот Западен Брег
Директорот на Нвидиа соочен со истрага поради љубовна афера со наводна кинеска шпионка
Во Аргентина уапсен маж поради закани кон папата Лав XIV пред неговото пристигнување
Напаѓачот од Полска им подлегна на раните по престрелката со полицијата
Трагедија на Крит: 12 мигранти пронајдени мртви, повеќе од 100 спасени
Кина ја продолжува суспензијата на дополнителните царини за увоз од САД за 2 месеци
Пожар во зграда однесе 14 животи во северна Кина
Самитот за климата COP31 започнува во Туркије, со повици за поодлучни мерки
Ердоган: Туркије ги поддржува напорите на Азербејџан за воспоставување траен мир на Јужен Кавказ
Каџир: На вештачката интелигенција може да ѝ се делегира овластување, но не и одговорност
Израелскиот претседател најави дека на Ајзенкот ќе му го довери мандатот за формирање нова влада
Климатскиот самит COP31 започнува во понеделник во Анталија
Дуран предупредува на монопол врз алгоритмите во дигиталниот свет
Фидан: Поморските коридори можат да станат арени на конфликт
Европското обвинителство отвори истрага за измама поврзана со брзата железничка линија во Шпанија
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Трамп предвидува голем договор за Украина што би можел да ја вклучи цела Европа