| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Деца повторно жртви на израелските напади во Газа
Две деца загинаа, а неколку други се ранети во израелски напад врз бегалскиот камп Нусејрат, лоциран во централниот дел на Појасот Газа
Деца повторно жртви на израелските напади во Газа
Во израелските напади врз Газа од октомври 2023 година загинаа повеќе од 46.600 Палестинци, главно жени и деца / Photo: AA / AA

Најмалку пет Палестинци загинаа, а голем број се повредени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа.

Израелската армија со дрон нападна група граѓани собрани во северниот дел на градот Газа. Во напад во населбата Ар-Римал во Газа, две лица загинаа, а неколку други беа ранети.

Израелската армија со беспилотни летала бомбардирала и многу точки во населбата Шеик Радван.

Две деца загинаа, а неколку други се ранети во израелски напад врз бегалскиот камп Нусејрат, лоциран во централниот дел на Појасот Газа.

Двајца Палестинци беа ранети од израелско гранатирање во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.

Синдикатот на палестинските новинари соопшти дека палестинскиот студент по новинарство Ахлам ал Талули бил убиен во израелски напад врз градот Газа.

Мохамед Башир ал Талмис, уредник на новинската агенција Сафа во Палестина, беше убиен во напад на населбата Шеик Радван во Газа.

204 новинари беа убиени во израелските напади врз Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.

Во израелските напади врз Газа од октомври 2023 година загинаа повеќе од 46.600 Палестинци, главно жени и деца.

Израел ја продолжи војната пркосејќи на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која повикува на итен прекин на огнот.

Меѓународниот кривичен суд во ноември издаде налози за апсење за Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во палестинската енклава.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ОН: Околу 47.000 жени и девојки убиени од интимни партнери или членови на семејството во 2025 година
Иран: Четврти танкер за нафта удрил во морска мина и се запалил во Ормускиот Теснец
Во Белгија отворен најголемиот капацитет за производство на сателити во Европа
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Австралија подготвува закон со милијардски казни за технолошките гиганти
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Американскиот пратеник ги поздрави разговорите на Сирија со „Шеврон“ за енергетска соработка
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина