| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Билансот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа надмина 46.700
Министерството за здравство истакна дека во денешните бројки на загинати се додадени и 499 Палестинци, чии имиња се документирани и потврдени од релевантниот Комитет на Министерството
Билансот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа надмина 46.700
Израелските сили убија 62 лица, а повредија 253 во шест масакри на семејства во последните 24 часа / Photo: AA / AA

Најмалку уште 62 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади врз Појасот Газа, со што билансот од октомври 2023 година досега достигна 46.707, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата.

Министерството истакна дека досега во нападите се повредени најмалку 110.265 Палестинци.

„Израелските сили убија 62 лица, а повредија 253 во шест масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Министерството за здравство истакна дека во денешните бројки додадени се и 499 Палестинци, чии имиња се документирани и потврдени од релевантниот Комитет на Министерството, со кои вкупниот број достигна 46.707.

Израелската армија ја продолжува геноцидната војна во Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на итен прекин на огнот.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Израел прогласи палестинско село за „затворена воена зона“ и ја протера европската делегација
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
САД ги заоструваат ограничувањата за далечински пристап до напредни ВИ чипови
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата
Туркије со план за почист транспорт до 2030 година
САД и Русија се спротивставуваат на разговорите за ограничување на автономното оружје
Лидерите на Квад ќе го одржат првиот самит од 2024 година во Манила утре