| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Кина го поздрави договорот за прекин на огнот во Газа
Пекинг се надева дека договорот може ефективно да се спроведе за да се постигне сеопфатен и траен прекин на огнот во регионот“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина Гуо Џиакун.
Кина го поздрави договорот за прекин на огнот во Газа
Договорот за прекин на огнот беше постигнат по 15 месеци / Photo: AA / AA

Кина ja поздрави вестa за договор за прекин на огнот и размена на затвореници во опколената палестинска енклава Газа, повикувајќи на ефективно спроведување на договорот меѓу Израел и Хамас, објавија државните медиуми.

“Пекинг се надева дека договорот може ефективно да се спроведе за да се постигне сеопфатен и траен прекин на огнот во регионот“, изјави вчера портпаролот на Министерството за надворешни работи Гуо Џиакун.

Гуо рече дека Кина го поддржува спроведувањето на договорот за прекин на огнот и ќе продолжи да прави позитивни напори за обезбедување хуманитарна помош за Газа и помош во повоената реконструкција.

Исто така, пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф рече дека е императив итно да се врати обезбедувањето на итно потребна хуманитарна помош во Газа и другите области зафатени од војна.

„Се надеваме дека овој договор за прекин на огнот ќе биде испочитуван со писмо и дух“, објави тој на X, потврдувајќи го пакистанскиот повик за решение со две држави во Палестина.

Индонезија исто така ја поздрави веста.

„Имплементацијата на овој договор мора да се изврши веднаш и сеопфатно за да се запре загубата на животи во Газа. Мирот во Палестина не може да се постигне без крај на израелската окупација и воспоставување на независна и суверена палестинска држава, во согласност со решението за две држави засновано на договорените меѓународни параметри“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Катарскиот премиер и министер за надворешни работи шеикот Мохамед бин Абдулрахман доцна во средата објави успех во постигнувањето договор за прекин на огнот во Појасот Газа, велејќи дека неговото спроведување ќе започне в недела.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година
Турски извори: ПКК напушти 14 засолништа во Ирак, додека процесот на разоружување напредува
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија