| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Пожар во електрана во Калифорнија предизвика евакуација и блокади
Овој инцидент е втор пожар во електраната Мос Лендинг во последниве години. Во 2022 година имаше пожар во објектот за складирање електрична енергија
Пожар во електрана во Калифорнија предизвика евакуација и блокади
Канцеларијата на шерифот на Округот Монтереј издаде наредби за евакуација / Фото: Reuters / Reuters

Пожар избувна вчера во електрана во Мос Лендинг покрај централниот брег на Калифорнија, САД. кој ескалираше во текот на ноќта и предизвика евакуација, затворање на патишта и здравствени предупредувања.

Одделот за јавното здравство на Округот Санта Круз ги повика жителите да останат во затворени простории, да ги затворат прозорците и да ги исклучат системите за вентилација на воздухот поради пожарот, кој избувна северозападно од Лос Анџелес, на чие подрачје повеќе од една недела беснеат масовни шумски пожари.

Канцеларијата на шерифот на Округот Монтереј издаде наредби за евакуација на неколку области околу Мос Лендинг.

Покрај напорите за евакуација, Дистриктот 5 на КалТранс го затвори Автопатот 1 без да наведе време за повторно отворање.

Училишниот дистрикт на Округот Норт Монтереј објави дека денес ќе бидат затворени сите училишта во областа поради загриженоста за здравјето и безбедноста на учениците.

Пожарот го зафати делот на централата „Вистра енерџи“, кој целосно е евакуиран.

Пожарникарите и екипите за итни случаи се на местото на пожарот.

Овој инцидент е втор пожар во електраната Мос Лендинг во последниве години. Во 2022 година имаше пожар во објектот за складирање електрична енергија.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година
Турски извори: ПКК напушти 14 засолништа во Ирак, додека процесот на разоружување напредува
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин