| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
ЕУ би можела да ја казни и дури и да ја забрани Х ако не ги следи правилата
ЕУ има правила што ќе се применуваат“, нагласи потпретседателот на ЕК, Сежурн, додавајќи дека истрагата за Х ги зема предвид сите дебати, вклучително и оние за политичкото мешање на Маск во Европа, откако тој изрази поддршка за AфД
ЕУ би можела да ја казни и дури и да ја забрани Х ако не ги следи правилата
Досието ќе му биде предадено на судијата, казната може да изнесува милијарди евра, на крајот, ако не се почитува, може да доведе до забрана, суспензија на Х, објасни Сежурн / Others

Европската унија би можела да ја казни, да ја суспендира или дури и да ја забрани платформата за социјалните медиуми Х, доколку не ги почитува правилата на блокот, изјави во понеделник извршниот потпретседател на Европската комисија (ЕК), Стефан Сежурн.

Извршниот потпретседател на ЕК за просперитет и индустриска стратегија и поранешен француски министер за надворешни работи, Стефан Сежурн потсети во интервју за „Франс Интер“ дека еврокомесарот Хена Виркунен минатата недела ја продолжи истрагата за Х на Илон Маск, порано познат како Твитер.

„ЕУ има правила што ќе се применуваат“, нагласи Сежурн, додавајќи дека извештајот на еврокомесарот ќе ги земе предвид сите дебати што се одржаа во последните недели, вклучително и оние за политичкото мешање на Маск во Европа, откако тој изрази поддршка за екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AфД) пред изборите на 23 февруари.

„Извештајот ќе излезе, досието ќе му биде предадено на судијата, санкциите можат да бидат многу силни и да изнесуваат милијарди евра: На крајот, ако не се почитува, може да доведе до забрана, суспензија на Х, “ објасни Сежурн.

Додека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се подготвува да ја преземе функцијата подоцна денеска, претставник на ЕУ рече дека Американците „остануваат“ сојузници на блокот „но повеќе ќе ги бранат своите интереси“.

„Американците сакаат да се одвојат од Европа за да се фокусираат на Пацификот, време е да се реализира европската одбрана“, нагласи Сежурн.

Истакнувајќи дека администрацијата на Трамп користела „јазик на сила“, Сежурне рече дека „најмалата европска недоследност“ ќе се смета за слабост.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Форензички експерт вели дека смртта на Епстин е поверојатно убиство отколку самоубиство
Израел фрла експлозив спакуван во кутии врз објекти во Газа
Палестина бара одговорност од Израел за прегазени осум лица
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Израел прогласи палестинско село за „затворена воена зона“ и ја протера европската делегација
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
САД ги заоструваат ограничувањата за далечински пристап до напредни ВИ чипови
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата