| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Најмалку 4 убиени Палестинци во израелски напад врз Џенин на Западниот Брег
Палестинските здравствени служби известија дека во нападот на израелските безбедносни сили, поддржани од хеликоптери загинале најмалку четворица Палестинци, а 35 се ранети
Најмалку 4 убиени Палестинци во израелски напад врз Џенин на Западниот Брег
Повеќе од 800 се убиени, а над 6.300 други се повредени во оган на израелската армија на окупираниот Западен Брег, од 7 октомври 2023 година / Photo: Reuters / Reuters

Израелските безбедносни сили, поддржани од хеликоптери, во вторникот го нападнаа градот Џенин на Западниот Брег, при што загинаа најмалку четворица Палестинци.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја нарече акцијата „голема и значајна воена операција“.

Операцијата беше започната еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ги укинува санкциите за насилните израелски доселеници кои ги нападнаа палестинските села, а Нетанјаху ја најави како нова офанзива против милитантните групи поддржани од Иран.

Палестинските здравствени служби известија дека во нападот загинале најмалку четворица Палестинци, а 35 се ранети.

Нападот на Џенин се случи само два дена по почетокот на договорот за прекин на огнот во Газа и укажува на заканата од ново насилство на Западниот Брег.

Повеќе од 800 се убиени, а над 6.300 други се повредени во оган на израелската армија на окупираниот Западен Брег, од 7 октомври 2023 година, според Министерството за здравство.

Во областа на Западниот Брег и Источен Ерусалим, меѓу 2,7 милиони Палестинци живеат околу 700.000 израелски доселеници.

Израел го окупираше тој дел во 1967 година.

Меѓународната заедница, вклучително и Обединетите нации (ОН), ги смета израелските населби за нелегални според меѓународното право.

ОН повеќепати предупредија дека континуираната експанзија на населбите ја загрозува одржливоста на дводржавното решение што се смета за клучно за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.

Во јули 2024 година Меѓународниот суд на правдата ја прогласи децениската окупација на палестинската земја од страна на Израел за нелегална и побара евакуација на сите постојни населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Источен Кудс).

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел
Трамп предвидува голем договор за Украина што би можел да ја вклучи цела Европа
Тексас ќе ги ограничи дата центрите, голем пад на берзите за ВИ
Зеленски: Воена помош од Шпанија за Украина во вредност од 437 милиони евра
УНХЦР: 90 милиони раселени лица се соочуваат со сериозни климатски ризици
Фидан: Алијансата од Мека е отворена за земјите од регионот со заедничка визија за мир
Израел објави тендери за изградба на 91 станбена единица во населби во окупираниот Западен Брег