| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Албанезе: Израел може да го прошири геноцидот од Газа на Западниот Брег
Албанезе напиша објава на својот профил на социјалните мрежи во врска со големиот напад што израелската Армија го изврши вчера врз бегалскиот камп Џенин на северот на Западниот Брег.
Албанезе: Израел може да го прошири геноцидот од Газа на Западниот Брег
Албанезе: Израел може да го прошири геноцидот од Газа на Западниот Брег/ Photo: Reuters / Reuters

Специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН) за Палестина, Франческа Албанезе, предупреди дека доколку Израел не биде запрен, може да го пренесе геноцидот што го изврши во Појасот Газа на окупираниот Западен Брег.

Албанезе напиша објава на својот профил на социјалните мрежи во врска со големиот напад што израелската Армија го изврши вчера врз бегалскиот камп Џенин на северот на Западниот Брег.

Истакнувајќи дека израелската Армија извршила напад врз бегалскиот камп Џенин по прекинот на огнот во Газа, Албанезе во објавата наведе дека во вчерашните напади животот го загубиле 10 Палестинци.

Реагирајќи на израелската офанзива врз Западниот Брег, таа во објавата вели:

„Доколку не биде принуден да запре, израелскиот геноцид врз Палестинците нема да остане ограничен само на Газа.“

Десет Палестинци, меѓу кои и едно дете, ги загубија животите, а 35 лица беа повредени во големите напади што израелската Армија ги започна вчера врз бегалскиот камп Џенин.

Продолжуваат нападите на израелските војници, кои освен со воени возила, во бегалскиот камп Џенин влегоа и со градежни возила.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година
Турски извори: ПКК напушти 14 засолништа во Ирак, додека процесот на разоружување напредува
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни