| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Лимани: Градењето нови 25 градинки ќе зависи и од општините
„Ние планираме како министерство 2025 година околу 25 нови градинки да градиме во цела наша земја во Македонија“, изјави министерот Фатмир Лимани.
Лимани: Градењето нови 25 градинки ќе зависи и од општините
Лимани: Градењето нови 25 градинки ќе зависи и од општините / Photo: AA Archive / AA Archive

Планот за 2025 година е да се почне градба на нови 25 градинки низ целата држава, но реализацијата зависи и од општините. Ова беше одговор на министерот Фатмир Лимани на новинарско прашање дали ќе има нови установи за згрижување деца.

„Ние планираме како министерство 2025 година околу 25 нови градинки да градиме во цела наша земја во Македонија. Ова не зависи само од Министерството за социјална политика, демографија и млади, зависи и од општините, тие што се реализатори на овие проекти. Битно е што ние сме предвиделе 25 нови градинки во цела земја“, изјави министерот Лимани кој денес е во посета на Тетово.

На прашањето зошто новоизградената градинка во Теарце не почнува со работа, министерот рече дека издадена е дозвола за функционирање.

„Од нив зависи, јас давам дозвола, тие имаат дозвола, мислам дека ја добија пред недела-две. Денот кога ќе дадеме дозвола, од тој ден, градинките можат да бидат отворени врз основа на нивните подготовки“, истакна Фатмир Лимани.

На новинарско прашање што се прави за да задржат младите во државата, Лимани истакна дека целото општество треба да работи да се врати довербата за останување во земјата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ
МВР, МТСП и ЈО: Брза заштита за жртвите и решителен прогон на семејните насилници
Протести пред македонската Влада поради зголемениот број фемициди со конкретни барања
ЕУ и Велика Британија договорија подлабока безбедносна соработка
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата