| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Трамп потпиша извршна наредба за развој на криптовалути во САД
Кандидирајќи се за претседател минатата година Трамп вети дека САД ќе ги направи „криптопрестолнина на планетата и биткоин суперсила во светот“
Трамп потпиша извршна наредба за развој на криптовалути во САД
Трамп потпиша извршна наредба за развој на криптовалути во САД / Photo: AA / AA

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со цел поттикнување на развојот на криптовалутите во земјата и истражување на можноста за создавање национална дигитална резерва на средства.

„Индустријата на дигитални средства игра клучна улога во иновациите и економскиот развој на САД, како и во меѓународното лидерство на нашата нација“, се наведува во вчерашната наредба.

Поголем дел од наредбата е фокусиран на воспоставување регулативи и технологии поврзани со криптовалутите и нивниот напредок во САД.

Една од клучните точки е создавање работна група наречена „Работна група за пазарите на дигитални средства“, која ќе го испитува формирањето национална дигитална резерва на средства што „потенцијално ќе биде составена од криптовалути што законски се запленети од федералните власти преку нивните активности за спроведување на законите“.

Со наредбата, исто така, им се наложува на институциите да достават препораки до работната група за регулативи што влијаат врз пазарите на дигитални средства и кои треба да бидат укинати или изменети.

Сепак, со наредбата изречно се забранува развој или издавање централна дигитална валута од Централната банка (CBDC).

Кандидирајќи се за претседател минатата година Трамп вети дека САД ќе ги направи „криптопрестолнина на планетата и биткоин суперсила во светот“.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година
Турски извори: ПКК напушти 14 засолништа во Ирак, додека процесот на разоружување напредува
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија