| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Муртезани на конференција за регионална економска интеграција во Црна Гора
Како што соопштија од Министерството за европски прашања, на настанот што се одржува во Бечиќи, учествуваат министри за европски прашања и главни преговарачи со ЕУ од земјите на Западниот Балкан, како и претставници на Европската Унија.
Муртезани на конференција за регионална економска интеграција во Црна Гора
Како што соопштија од Министерството за европски прашања, на настанот што се одржува во Бечиќи, учествуваат министри за европски прашања и главни преговарачи со ЕУ од земјите на Западниот Балкан, како и претставници на Европската Унија. / Photo: Министерство за Европски прашања

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска престојува во работна посета на Црна Гора, каде што ќе учествува на Kонференција на високо ниво насловена „Зајакнување. Интегрирање. Раст“, посветена на регионалната економска интеграција.

Како што соопштија од Министерството за европски прашања, на настанот што се одржува во Бечиќи, учествуваат министри за европски прашања и главни преговарачи со ЕУ од земјите на Западниот Балкан, како и претставници на Европската Унија.

Во рамките на конференцијата, министерот Муртезани ќе се обрати на сесијата „Придобивки од претпристапниот процес: Од СЕПА до зелени коридори и пошироко“, на која ќе се дискутира за имплементацијата на Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан, како и за клучните приоритети кои го поттикнуваат регионалното економско поврзување и усогласувањето со стандардите на Европската Унија.

На маргините на конференцијата, предвидена е средба со генералниот секретар на Советот за регионална соработка (RCC), Амер Капетановиќ, на која ќе се разменат мислења за тековните иницијативи за регионална интеграција и улогата на Советот во поддршката на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон членство во Европската Унија, стои во соопштението.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Петмина загинати во пад на турски воен хеликоптер за време на лет за обука
На државите им е дозволено да враќаат мигранти инструментализирани од други земји, пресуди ЕСЧП
ОН: Околу 47.000 жени и девојки убиени од интимни партнери или членови на семејството во 2025 година
Гаши од Загреб: Бараме гаранции дека повеќе нема да ни биде блокиран патот кон ЕУ
Првата пловечка соларна електрана во Туркије ќе започне со производство на струја во 2027 година
Грчката опозиција бара одговори од Владата за наводна воена обука со озлогласена израелска бригада
Иран: Четврти танкер за нафта удрил во морска мина и се запалил во Ормускиот Теснец
Шпанија го продолжува родителското отсуство и отсуството поради жалост пред изборите
Гаши на средба со Милановиќ: Хрватска е наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО
Во Белгија отворен најголемиот капацитет за производство на сателити во Европа
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати