| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Сенатот го блокираше законот за санкции за Меѓународниот кривичен суд
Предлог-законот за санкционирање на Меѓународниот кривичен суд поради неговите налози за апсење на Нетанјаху не пројде во Сенатот, иако претходно овој месец беше усвоен од Претставничкиот дом со голема разлика
Сенатот го блокираше законот за санкции за Меѓународниот кривичен суд
Сенаторите гласаа со 54 „за“ и 45 „против“ законот за контрамерки против нелегитимните судски дејствија, што е помалку од потребните 60 гласови / Photo: AA / AA

Американскиот Сенат во вторникот го блокираше предлог-законот за санкционирање на Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради неговите налози за апсење на израелски официјални лица поради војната во Газа,.

Сенаторите гласаа со 54 „за“ и 45 „против“ „законот за контрамерки против нелегитимните судски дејствија“, што е помалку од потребни 60 гласови.

Демократскиот сенатор Џон Фетерман гласаше „за“, а демократскиот сенатор Џон Ософ беше воздржан.

Претходно овој месец, нацрт-законот го усвои Претставничкиот дом со голема разлика, 243 - 140, што е сигнал за силна поддршка за Израел.

Пред Сенатот да почне да гласа дали да го санкционира МКС откако минатата година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа, водачот на мнозинството Џон Тун ги повика демократите да помогне да се донесе законот.

Тун рече дека „нелегитимното таргетирање на клучниот американски сојузник треба да не загрижува сите“ и додаде дека МКС потоа би можел да ги таргетира Американците и американските војници.

Израел уби повеќе од 47.000 луѓе во Газа, главно жени и деца, по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Немилосрдното бомбардирање го расели најголемиот дел од населението во Газа, доведе до недостиг на храна и други потреби и остави голем дел од енклавата во урнатини.

Прекинот на огнот е на сила од 19 јануари.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница
Универзитетот во Торонто признава дискриминација против муслимани, Арапи и Палестинци
Иран тврди дека уништил американски радар за рано предупредување во Бахреин
Си ќе се обрати на самитот на АПЕК и ќе одржи билатерални состаноци во Шенжен следната недела
Студентската листа во Србија објавува план за БиХ, ги осудува израелските акции во Газа
Алиев и Пашинјан во Даблин разговараа за мировниот процес меѓу Азербејџан и Ерменија
Европските лидери повикуваат на обединет глас во мировните преговори за Украина
Ердоган повикува на поголема одговорност и зелени инвестиции за справување со климатската криза
Путин во Москва и американски претставници се сретнаа во Москва