| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Борбен авион Ф-35 се сруши на Алјаска, пилотот се спасил
Во соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста на 354. Борбено крило, инцидентот бил опишан како „инцидент со авион“ кој предизвикал значителна штета, но останал во рамките на оградата на базата, се наведува во извештајот
Борбен авион Ф-35 се сруши на Алјаска, пилотот се спасил
Причината за несреќата сè уште се истражува / Фото: AA / AA

Американски воен авион Ф-35 се урна вчера во воздухопловната база Ајелсон во Алјаска, при што пилотот е во безбедна состојба, пренесуваат извештаите, повикувајќи се на воени претставници, јавува Анадолу.

Инцидентот се случил околу 13 часот по локално време на пистата, изјави воздухопловецот од прва класа (A1C) Спенсер Хансон, кој беше цитиран од дневниот весник „Енкорејџ“.

Во соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста на 354. Борбено крило, инцидентот бил опишан како „инцидент со авион“ кој предизвикал значителна штета, но останал во рамките на оградата на базата, се наведува во извештајот.

Пилотот бил пренесен во воената болница Басет на преглед, се додава во соопштението.

Полковникот Пол Таунсенд, командант на 354-тото Борбено крило, рече дека воздухопловните сили ќе спроведат темелна истрага за да спречат слични несреќи.

„Нашите луѓе се нашето најважно богатство, и ние сме посветени на обезбедување на нивната безбедност и сигурност“, рече тој.

Причината за несреќата сè уште се истражува.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година
Турски извори: ПКК напушти 14 засолништа во Ирак, додека процесот на разоружување напредува
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија