| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Анкети: Мнозинството во Гренланд е против припојување кон САД
Гренланд, територија под дански суверенитет од 1953 година, го привлече интересот на Трамп поради стратешката локација и огромните минерални ресурси
Анкети: Мнозинството во Гренланд е против припојување кон САД
Трамп постојано изразува интерес за Гренланд / Фото: AP / AP

Гренланд покажа Над 85 отсто од населението на Грендланд е против идејата островот да стане дел територија на САД, покажуваат последните анкети.

Истражувањето, спроведено од „Вериан“ за националниот весник на Гренланд „Сермисијак“ и данскиот медиум „Берлингске“, го оцени јавното мислење како одговор на забелешките на американскиот претседател Доналд Трамп кој сугерира дека неговата земја треба да го преземе Гренланд од Данска.

Според резултатите, 85% од испитаниците се противат Гренланд да стане дел од САД, додека само 6% ја поддржале идејата.

На 23 декември 2024 година, Трамп на социјалните мрежи ја повтори идејата дека САД треба да го контролираат Гренланд, нарекувајќи ја нејзината сопственост и управување како „апсолутна неопходност“.

Од неговата инаугурација на 20 јануари, Трамп постојано изразува интерес за Гренланд, тврдејќи дека сите 57.000 жители сакаат да се приклучат на САД.

Тензии околу Гренланд

Гренланд, територија под дански суверенитет од 1953 година, го привлече интересот на Трамп поради стратешката локација и огромните минерални ресурси.

„Фајненшл тајмс“ минатата недела објави дека Фредериксен и Трамп имале тензичен телефонски разговор од 45 минути за ова прашање, оставајќи ги официјалните лица во Копенхаген длабоко загрижени.

Трамп првпат ја изнесе идејата за преземање на Гренланд за време на неговиот прв мандат, идеја што Данска целосно ја отфрли. Сепак, неговото враќање во Белата куќа ги оживеа стравувањата од поагресивен притисок за да се обезбеди контрола над островот.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Венецуела на КОП31 претстави план за обединување на заштитата на шумите и океаните
Блокот на Ајзенкот сака да укине пет закони од ерата на Нетанјаху пред формирањето на новата Влада
Властите во Рас Ал Хаима повторно отворија седум плажи по излевањето нафта
Најмалку двајца загинати при уривање на станбена зграда во Бруклин
Ердоган разговараше со Пазешкијан и повика на итен крај на војната Иран-САД
Туркије на КOП31 потпиша договори за финансирање на развојот во вредност од 5,1 милијарди долари
Кралот Чарлс ги повика учесниците на КОП31 да ги преточат климатските обврски во конкретни акции
Најмалку шестмина Палестинци убиени во изралески напад врз болница во Газа
„Акинџи“ тестира муниција за продир во бункери под електронска блокада
Мицкоски: Ваква глобална енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
Кабинетот за безбедност на Израел ќе се состане поради можен нов напад врз Иран
Пезешкијан од КОП31: Американско-израелската војна против Иран ослободила 1,5 милиони тони ЦO2
Маск вели дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг
Емине Ердоган: Глобалната алијанса Нула отпад да ги претвори локалните решенија во светска акција
Бернам од КОП31: Чистата енергија е единствениот пат до енергетска безбедност