| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Три Израелки ќе бидат ослободени утре од Газа во замена за 110 Палестинци
Според израелското армиско радио, ќе бидат ослободени петмина тајландски државјани и три Израелки, меѓу кои и Арбел Јехуд, чиј случај Израел го искористи да го оправда одложувањето на дозволата раселените Палестинци да се вратат дома
Три Израелки ќе бидат ослободени утре од Газа во замена за 110 Палестинци
Според првата фаза од договорот, 33 израелски заробеници треба да бидат ослободени во замена за околу 1.700 до 2.000 палестински притвореници / Photo: AA / AA

Три израелски заробенички ќе бидат ослободени од палестинските групи на отпорот во Газа утре во замена за 110 палестински затвореници од израелските затвори во рамките на договорот за прекин на огнот и размена на затвореници помеѓу Израел и Хамас.

Ебу Обаида, портпарол на вооруженото крило на Хамас, Бригадите Ал Касам, соопшти дека три Израелки - Арбел Јехуд, Агам Бергер и Гади Моше Мозес - ќе бидат ослободени утре.

Канцеларијата за медиуми на Хамас за затвореници соопшти дека 110 палестински затвореници утре ќе бидат ослободени од Израел.

Меѓу затворениците што треба да бидат ослободени 32 отслужуваат доживотни казни, 48 долги казни затвор и 30 се малолетни лица, се вели во соопштението на Канцеларијата за медиуми.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва потврди дека го добил списокот на заробеници што утре треба да бидат ослободени од Газа.

Според израелското армиско радио, ќе бидат ослободени петмина тајландски државјани и три Израелки, меѓу кои и Јехуд.

Израел го искористи случајот со Јехуд за да го оправда одложувањето на дозволата раселените Палестинци да се вратат во своите домови во северна Газа од саботата до понеделникот наутро.

Првата шестнеделна фаза од договорот стапи на сила на 19 јануари, прекинувајќи ја геноцидната војна на Израел во која се убиени над 47.300 Палестинци, повеќето жени и деца.

Поради израелските напади како исчезнати се водат најмалку 11.000 луѓе, предизвикани се исклучително разорување и огромна хуманитарна криза.

Седуммина израелски заробеници, меѓу кои четворица војници, досега се ослободени во замена за 290 палестински затвореници откако договорот стапи на сила.

Според првата фаза од договорот, 33 израелски заробеници треба да бидат ослободени во замена за околу 1.700 до 2.000 палестински притвореници.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година
Турски извори: ПКК напушти 14 засолништа во Ирак, додека процесот на разоружување напредува
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија