| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Турското МО вети дека ќе продолжи со борбата против тероризмот
Адмирал Актурк ја потврди посветеноста на земјата да им се спротивстави на терористичките организации, како што се ПКК/ПЈД/ЈПГ/СДГ и ДАЕШ, велејќи дека нема да бидат дозволени терористички формации или еднострано извршувани работи во регионот
Турското МО вети дека ќе продолжи со борбата против тероризмот
Тој рече дека тесно ќе соработуваат со новата администрација во Сирија за да се зајакнат одбранбените и безбедносните капацитети на земјата / Photo: AA / AA

Туркије ќе продолжи да презема решителни мерки против терористичките организации што се закана за територијалниот интегритет и регионалната стабилност на Сирија, изјави денес висок претставник на одбраната.

Портпаролот на Министерството за национална одбрана, адмирал Зеки Актурк , ја потврди посветеноста на земјата да им се спротивстави на терористичките организации, како што се ПКК/ПЈД/ЈПГ/СДГ и ДАЕШ, велејќи дека „нема да бидат дозволени терористички формации или еднострано извршувани работи во регионот“.

„Ќе продолжиме да преземаме превентивни и решителни мерки против сите терористички организации“, рече Актурк на неделниот брифинг со новинарите во Анкара.

Тој рече дека тесно ќе соработуваат со новата администрација во Сирија за да се зајакнат одбранбените и безбедносните капацитети на земјата разурната од војна и да се олесни доброволното, безбедно и достоинствено враќање на Сиријците.

Делегација од Министерството ја посети Сирија вчера за технички разговори, додаде тој.

„Како Туркије, ќе продолжиме да стоиме покрај сирискиот народ, како што правевме досега“, рече тој.

„Вчерашната посета е значајна бидејќи ја означува посетата на првата делегацијата и првиот контакт од седиштето на нашето Министерство во Сирија. На средбата беа разменети мислења за тоа што може да се направи на полето на одбраната и безбедноста, особено за заедничките напори за борба против терористичките организации што претставуваат закана и за Сирија и за Туркије. Нашите дискусии ќе продолжат во согласност со потребите што ќе се појават во наредниот период“, истакна портпаролот.

Воени операции во Ирак и Сирија

Актурк, исто така, истакна дека турските сили спроведуваат „континуирани и сеопфатни“ антитерористички операции за да ги елиминираат заканите од нивниот извор.

„Во текот на изминатата недела 57 терористи беа неутрализирани во антитерористичките операции спроведени во Северен Ирак и Сирија, со што вкупниот број оваа година достигна 278“, рече тој.

„Дополнително, тројца терористи на ПКК се предадоа минатата недела“, додаде тој.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Глобалната иницијатива на Туркије за електрификација ја поддржаа 75 земји на КОП31
Туркије го повика Израел да стави крај на политиките против соседите
За финскиот претседател Туркије е значаен европски безбедносен чинител и незаменлив сојузник во НАТО
Туркије ќе ја проширува зелената инфраструктура за да ја направи ВИ еколошки поодржлива
Дуран: Израел користи дезинформации за да ги прикрие масакрите во Газа
Фидан: Туркије мора да преземе водечка улога во зајакнувањето на регионалната поврзаност
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата
Туркије со план за почист транспорт до 2030 година
Мајстор Јахја со децении ја продолжува семејната традиција на изработката на сазови
Образовниот систем на Туркије се спротивставува на глобалниот тренд
Ратификацијата на поморскиот договор Либија-Туркије ја доведува во прашање стратегијата на Грција
Ердоган: Туркије и Катар ќе работат заедно во зачувувањето на регионалниот мир
Бајрактар: Во следните недели ќе почне физичкото пуштање во работа на првиот реактор во НЦ „Акују“
КOП31 го враќа постепеното укинување на фосилните горива во центарот на разговорите за климата
Ердоган повика на итен крај на војната на САД против Иран во разговорите со Пезешкијан
Туркије и Канада потпишаа договор за потенцијална изградба на нова нуклеарна централа
Туркије на КOП31 потпиша договори за финансирање на развојот во вредност од 5,1 милијарди долари
„Акинџи“ тестира муниција за продир во бункери под електронска блокада
Емине Ердоган: Глобалната алијанса Нула отпад да ги претвори локалните решенија во светска акција
Туркије регистрираше 102 производи со географска ознака во првите 10 месеци од 2026 година