| Macedonian
СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Елмас се врати во Италија, потпиша за Торино
Елмас, кој минатата година пристигна во Лајпциг за 24 милиони евра, беше незадоволен од својот статус кај тренерот Марко Росе, па реши да ја промени средината во потрага по поголема минутажа
Елмас се врати во Италија, потпиша за Торино
По пауза од една година македонскиот ас се враќа во Италија каде со успех ги бранеше боите на Наполи, со кој пред две сезони ја освоија и титулата / Photo: Torino FC

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас е нов фудбалер на Торино, откако германскиот Лајпциг одлучи да го испрати на позајмица до крајот на сезоната. Италијанскиот клуб има можност да го откупи договорот на Елмас за 17 милиони евра.

„Чест и задоволство ни е што можеме да објавиме дека го комплетиравме трансферот на Елиф Елмас од Лајпциг, на привремена база со опција за перманентен трансфер“, објави Торино.

По пауза од една година македонскиот ас се враќа во Италија каде со успех ги бранеше боите на Наполи, тим со кој пред две сезони стигна и до шампионското скудето.

Елмас, кој минатата година пристигна во Лајпциг за 24 милиони евра, беше незадоволен од својот статус кај тренерот Марко Росе, па реши да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.

Оваа сезона, македонскиот офанзивен играч за врска одигра само 44 минути во Бундеслигата и 15 во Лигата на шампионите.

Во својата нова екипа, Елмас ќе го носи дресот со број 11, а во Торино се надеваат дека ќе биде клучен играч во офанзивата на тимот.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЦЕНТКОМ негира дека Иран уништил радари на САД во Бахреин
КOП31 го враќа постепеното укинување на фосилните горива во центарот на разговорите за климата
Во Охрид отворена Четвртата годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Поранешниот директор на Нвидиа повикан да сведочи пред Сенатот поради безбедносни прашања
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница