| Macedonian
СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Хрватските ракометари триумфираа против Франција за финале на СП
Носени од фантастичната атмосфера во загрепската арена, ракометарите на Сигурдсон фуриозно го започнаа дуелот против фаворизираниот противник и по големата разлика на полувремето (18:11) успеаја да ја задржат предноста до крајот и да слават со 31:28
Хрватските ракометари триумфираа против Франција за финале на СП
Со оваа победа Хрватска го обезбеди шестиот медал од светските шампионати во историјата, а прв по 12 години кога ја освои бронзата во Шпанија / Photo: Reuters / Reuters

Хрватската машка ракометна репрезентација се пласираше во финалето на Светското првенство со победа од 31:28 (18:11) против Франција во преполната загрепска Арена.

Звонимир Срна и Марин Јелиниќ постигнаа по седум гола за Хрватска, Доминик Кузмановиќ забележа 15 одбрани, додека Дика Мем беше најефикасен кај Франција со осум гола.

Носени од фантастичната атмосфера во загрепската арена, ракометарите на Сигурдсон фуриозно го започнаа дуелот против фаворизираниот противник.

Цврстата и подвижна одбрана на Хрватите им создаде многу проблеми за „триколорите“, а во нападот неверојатни на стартот беа Јелиниќ и Мараш.

Франција како никогаш досега не била толку инфериорна во едно мундијалско полуфинале. Жил со неколку промени во нападот проба да ја врати својата селекција во игра, но домашните ракометари заиграа уште помоќно и на полувреме се изборија за огромна предност од седум гола (11:18).

Стартот на вториот дел донесе уште еден шок за Французите, затоа што дотогаш единствената светла точка во тимот – Мин поради груб старт заслужено заработи црвен картон и предвреме го заврши натпреварот.

Сепак, шампионот од пред осум години конечно најде лек за фуриозниот напад на домаќинот и со мини серија се врати на подносливи четири гола негатива (15:19).

Но ако француските голмани беа далеку под своето ниво, на спротивната страна Кузмановиќ блесна во прав момент и Хрватска ја врати високата предност од шест гола (18:24).

Следуваше период на нешто подобра игра на „триколорите“ и многу грешки на Хрватска, па полуфиналето влезе во неизвесна завршница (25:28).

Во самиот финиш се чини Сигурдсон го направи вистинскиот потег и во нападот го внесе Игор Карачиќ. Искусниот среден бек прво постигна гол од тешка позиција и закана за пасивен, а потоа врз него беше направен пенал.

Главаш беше сигурен од линијата за седум метри и славјето во Загреб започна.

Со оваа победа Хрватска го обезбеди шестиот медал од светските шампионати во историјата, а прв по 12 години кога ја освои бронзата во Шпанија.

Ова е петти настап за Хрватска во финалето, откако претходно освои едно злато (2003 година во Португалија) и три сребра (Исланд 1995, Тунис 2005 и Хрватска 2009 година).

Хрватска во недела во Осло од 18 часот ќе игра во финалето против победникот од мечот Данска - Португалија, кој е закажан за в петок.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите