| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Пронајдени црните кутии од паднатиот авион во близина на Вашингтон
„Снимачите се наоѓаат во лабораториите на НОБТ на проценка“, се наведува во соопштението на оваа агенција. НОБТ е независна владина агенција задолжена за истражување на несреќи во цивилниот транспорт.
Пронајдени црните кутии од паднатиот авион во близина на Вашингтон
Пронајдени црните кутии од паднатиот авион во близина на Вашингтон / Photo: AA / AA

Пронајдени се двете црни кутии од авионот што се урна по судир со воен хеликоптер кај главниот град на САД, Вашингтон, соопштија од владина агенција.

Националниот одбор за безбедност на транспортот (НОБТ) информира дека истражувачите ги пронашле снимачот на гласови од кабината и снимачот на податоци за летот од авионот „Бомбардиер CRJ700“, кој учествуваше во судирот што се случи во средата на аеродромот „Роналд Реган“.

„Снимачите се наоѓаат во лабораториите на НОБТ на проценка“, се наведува во соопштението на оваа агенција. НОБТ е независна владина агенција задолжена за истражување на несреќи во цивилниот транспорт.

Авионот на „Американ ерлајнс“ превезуваше 60 патници и четири члена на екипажот кога во воздух се судри со армискиот хеликоптер „БлекХок“ со тројца војници.

Двете летала се урнаа во реката Потомак.

На прес-конференцијата во Белата куќа американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никој не преживеал во несреќата.

Според извори од полицијата, „Си-би-ес њуз“ објави дека до 17:30 часот по источнозападно време се пронајдени најмалку 40 тела.

Во извештајот, исто така, се наведува дека меѓу жртвите има 14 уметнички лизгачи, а извршниот директор на Клубот за уметничко лизгање во Бостон, Даг Зегибе, соопшти дека шест жртви се членови на нивниот клуб, меѓу кои двајца тренери, двајца тинејџери-атлети и две мајки на спортисти.

Меѓу загинатите има и лизгачи од Русија.

Повикувајќи се на прелиминарниот безбедносен извештај на Федералната администрација за авијација (ФАА) за судирот, весникот пишува дека еден контролор управувал со комуникациите за хеликоптерите и авионите, задача што обично ја извршуваат две лица.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ
МВР, МТСП и ЈО: Брза заштита за жртвите и решителен прогон на семејните насилници
Протести пред македонската Влада поради зголемениот број фемициди со конкретни барања
ЕУ и Велика Британија договорија подлабока безбедносна соработка
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата