| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Либан го обвини Израел за нови прекршувања на примирјето
Со најновите прекршувања, вкупниот број прекршувања по стапувањето на сила на договорот пред 66 дена изнесува 823
Либан го обвини Израел за нови прекршувања на примирјето
Најновите прекршувања на договорот биле концентрирани во областите Марџајун, Бинт Џбеил и Хасбаја во Набатије во Јужен Либан и во областа Тир / Фото: AA / AA

Израелската армија вчера изврши 15 нови прекршувања на договорот за прекин на огнот во Либан кој требаше да стапи на сила на 27 ноември. .

Со најновите прекршувања, вкупниот број прекршувања по стапувањето на сила на договорот пред 66 дена изнесува 823, според статистиката на Анадолу врз основа на најавите на либанската Национална новинска агенција.

Според информациите на агенцијата, најновите прекршувања на договорот биле концентрирани во областите Марџајун, Бинт Џбеил и Хасбаја во Набатије во Јужен Либан и во областа Тир.

Во Марџајун, двајца цивили се здобиле со полесни повреди кога израелско беспилотно летало фрлило бомба во близина на нивниот мотоцикл на периферијата на селото Талусех.

Израелско беспилотно летало го гаѓало и спасувачкиот тим на либанската цивилна одбрана во селото Тајбех додека со багери барале луѓе под урнатините. Персоналот на цивилната одбрана морал да се повлече заради лична безбедност, а во нападот е запалена механизацијата.

Израелската армија истрелала бомби над селото Ал-Адаиса.

Израелските сили извршиле уривање на куќи и згради во Кфаркела и Талусех, како и уништувања во селото Маркаба со булдожери и митралези.

Објавено е дека израелска противвоздушна ракета експлодирала над селото Мајдал Зун.

Израелските сили запалиле и фарма за кокошки во селото Деир Мимас, во близина на областа Нзала Тал Нахас.

Во Бинт Џбеил извршени се експлозии врз куќи и згради во областа Ал-Харика во близина на периферијата на селото Ајта аш-Шааб.

Во селото Рмајч е пукано врз цивили.

Во Хасбаја, израелската артилерија ги гаѓала областите околу селото Шебаа.

Во Тир, израелските сили извршиле уништувања со булдожер во селата Дајра и Ал Бустан.

Израелско беспилотно летало фрлило бомба врз багер во селото Јарун. Нема информации за повредени.

Според локалните здравствени власти, убиени се најмалку 26 лица, а 221 е повредено од израелски истрели од неделата, додека жителите се обидуваат да се вратат во своите села во Јужен Либан.

Податоците од либанското Министерство за здравство покажуваат дека од почетокот на нападот на Израел врз Либан во 2023 година убиени се најмалку 4.080 луѓе, меѓу кои има жени, деца и здравствени работници, а 16.753 се повредени.

ИЗВОР:AA
Повеќе
На државите им е дозволено да враќаат мигранти инструментализирани од други земји, пресуди ЕСЧП
ОН: Околу 47.000 жени и девојки убиени од интимни партнери или членови на семејството во 2025 година
Гаши од Загреб: Бараме гаранции дека повеќе нема да ни биде блокиран патот кон ЕУ
Првата пловечка соларна електрана во Туркије ќе започне со производство на струја во 2027 година
Грчката опозиција бара одговори од Владата за наводна воена обука со озлогласена израелска бригада
Иран: Четврти танкер за нафта удрил во морска мина и се запалил во Ормускиот Теснец
Шпанија го продолжува родителското отсуство и отсуството поради жалост пред изборите
Гаши на средба со Милановиќ: Хрватска е наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО
Во Белгија отворен најголемиот капацитет за производство на сателити во Европа
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд