| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Парното во Скопје поскапува од 1 февруари
Сметките на корисниците незначително ќе се зголемат, така што оние домаќинства што досега плаќале за парно 2.100 денари ќе добиваат сметка од 2.200 денари, односно покачувањето е 100 денари, изјави претседателот на  РКЕ, Бислимоски
Парното во Скопје поскапува од 1 февруари
Бислимоски истакна дека и топланите во Железара и во Скопје-Север ќе поднесат барање за зголемување на цената на парното во тој дел од градот, а одлуката за овие потрошувачи ќе стапи во сила од 1 март / Photo: AA / AA

Цената на топлинската енергија за дел од домаќинствата во градот Скопје од 1 февруари е зголемена за 5,03 отсто, информираше на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

Поскапувањето е резултат на барањето на трите фирми-ќерки на АД ЕСМ, кои доставиле зголемени трошоци што ги имаат поради поскапиот природен гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО, кое наместо 60 отсто учествувало со 51 отсто во производството на топлинска енергија.

„Ова доаѓа како резултат на порастот на цената на природниот гас, на светските берзи за 16 проценти во последниот квартал од 2024 година. Зголемувањето ќе продолжи во јануари и во февруари. Сметките на корисниците незначително ќе се зголемат, така што оние домаќинства што досега плаќале за парно 2.100 денари, од 1 февруари, од кога ќе стартува новата цена, ќе добиваат сметка од 2.200 денари, односно покачувањето е 100 денари, рече Бислимоски.

Оваа цена се однесува за корисниците на топлинска енергија од топланите „Исток“ и „Запад“, но Бислимоски истакна дека во текот на февруари и топланите во Железара и во Скопје-Север ќе поднесат барање за зголемување на цената на парното во тој дел од градот.

Одлуката за овие потрошувачи ќе стапи во сила од 1 март.

Зголемувањето на цените на топлинската енергија следува откако и ЕСМ- Дистрибуција на топлина и ЕСМ – Производство на топлина поднесоа барање за зголемување на цената на парното и топлинската енергија за 13, односно за 20 отсто, оправдувајќи го ваквото барање со зголемените трошоци за набавка на гориво.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
АСЕАН и Јапонија го одржаа 29-тиот самит во Манила, ветуваат посилна соработка
Форензички експерт вели дека смртта на Епстин е поверојатно убиство отколку самоубиство
Израел фрла експлозив спакуван во кутии врз објекти во Газа
Палестина бара одговорност од Израел за прегазени осум лица
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Израел прогласи палестинско село за „затворена воена зона“ и ја протера европската делегација
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
САД ги заоструваат ограничувањата за далечински пристап до напредни ВИ чипови
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната