| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Сиријците во Дамаск бараат крај на терористичката окупација на ПКК
Протестот се одржа на плоштадот Умајад во центарот на Дамаск, со транспаренти на англиски и арапски јазик на кои пишуваше „ПКК е причина за нестабилноста во регионот“ и „Ги повикуваме претседателот Шара и сириската армија да не заштитат од теророт
Сиријците во Дамаск бараат крај на терористичката окупација на ПКК
Демонстрантите побараа и префрлање на прашањето за приведените терористи на ДАЕШ на сириската влада / Photo: AA / AA

Сириските граѓани денеска протестираа во Дамаск против терористичката организација ПКК/ЈПГ и побараа новата сириска влада да стави крај на терористичката окупација на областа источно од реката Еуфрат.

Протестот се одржа на плоштадот Умајад во центарот на Дамаск, со транспаренти на англиски и арапски јазик на кои пишуваше „ПКК е причина за нестабилноста во регионот“ и „Ги повикуваме претседателот Шара и сириската армија да не заштитат од терористичката организација ПЈД“.

Демонстрантите побараа и елиминација на терористичката организација ПКК и префрлање на прашањето за приведените терористи на ДАЕШ на сириската влада.

Демонстрантот Ејмен Дерк за АА изјави дека сирискиот огранок ЈПГ/ПЈД е сириски огранок на терористичката организација ПКК и е управуван од терористи од Кандил, северна ирачка планина која се смета за главно гнездо на ПКК.

„Поддршката на оваа организација е предавство на сопствениот народ. Сите Курди и Арапи треба веднаш да се оградат од неа. Тоа е сепаратистичка организација“, рече Дерк.

Демонстрантот и новинар Гусун Авад рече дека терористите на ПКК/ЈПГ окупираат неколку региони во Сирија и дека локалните жители се жртви на тероризмот.

Тој додаде дека бараат меѓународната заедница да ја прекине поддршката за овие терористи.

Демонстрантот Замил Сааб смета дека зачувувањето на интегритетот на Сирија е најважно во овој момент.

„Ја поддржуваме новата влада на Сирија. Очекуваме Туркије да ни помогне да ја елиминираме терористичката организација ПКК во регионот“, рече тој.

ПКК е сепаратистичко-терористичка организација која е наведена како терористичка група во Туркије, Европската унија и САД. За време на повеќедецениската терористичка кампања, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.

Сирискиот огранок на ПКК е ЈПГ, која го угнетува населението во североисточна Сирија и се обидува да воспостави „терористички коридор“ во тој регион долж турската граница. Турските сили ги преземаат неопходните операции за да ги спречат овие терористички намери.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Калини: Нема Палестина без Газа, нема мир без крај на израелската окупација
Европското обвинителство отвори истрага за измама поврзана со брзата железничка линија во Шпанија
68 милиони тони урнатини претставуваат еколошка и хуманитарна катастрофа во Газа
Пашинјан: Ерменија и Туркије ќе воспостават дипломатски односи во блиска иднина
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел
Трамп предвидува голем договор за Украина што би можел да ја вклучи цела Европа
Тексас ќе ги ограничи дата центрите, голем пад на берзите за ВИ