| Macedonian
СВЕТ
3 мин читање
Убиени 129 новинари и медиумски работници низ светот во 2025 година
Комитетот за заштита на новинарите соопшти дека 2025 година била најсмртоносната година за печатот, при што две третини од убиените биле палестински новинари и медиумски работници убиени од Израел во Појасот Газа
Убиени 129 новинари и медиумски работници низ светот во 2025 година
Во напади со дронови се убиени 39 новинари, вклучувајќи 28 репортери во Газа од страна на израелската армија / AP
25 февруари 2026

Рекордни 129 новинари и медиумски работници беа убиени низ светот минатата година, при што Израел е одговорен за две третини од вкупниот број на глобално ниво, соопшти денес Комитетот за заштита на новинарите (ЦПJ).

Комитетот со седиште во Њујорк соопшти дека 2025 година била најсмртоносната година за печатот, при што мнозинството од убиените биле палестински новинари и медиумски работници убиени од Израел во Појасот Газа.

„Новинарите се убивани во рекорден број во време кога пристапот до информации е поважен од кога било“, изјави во соопштение извршната директорка на ЦПJ, Џоди Гинсберг.

„Нападите врз медиумските работници се водечки индикатор за напади врз други слободи и мора да се направи многу повеќе за да се спречат овие убиства и да се казнат сторителите. Сите сме изложени на ризик кога новинарите се убивани поради известување за вестите“.

CPJ соопшти дека повеќе од три четвртини од смртните случаи на новинари во 2025 година се случиле во конфликтни зони.

Комитетот забележа зголемување на употребата на дронови за убивање новинари минатата година, при што во напади со дронови се убиени 39 новинари, вклучувајќи 28 репортери во Газа од страна на израелската Армија.

ЦПJ соопшти дека деветмина новинари биле убиени во Судан и четворица во Украина минатата година.

„Бројките беа сè уште многу ниски во споредба со Израел, кој останува значаен исклучок“, се додава во соопштението.

Комитетот наведува дека зголемениот број смртни случаи кај новинари „е поттикнат од постојаната култура на неказнивост“, со многу малку транспарентни истраги спроведени за 47-те случаи на целни убиства на новинари во 2025 година.

„Никој не е повикан на одговорност во ниту еден од случаите“.

Тие предупредија дека континуираниот неуспех на владините лидери да го заштитат печатот или да ги повикаат напаѓачите на одговорност „ја поставува основата за повеќе убиства, вклучително и во земји кои не се во војна“.

ЦПJ повика на целосна реформа во начините на кои владите ги истражуваат убиствата на новинари „со цел да се изведат сторителите пред лицето на правдата, вклучително и воспоставување на меѓународна истражна работна група и воведување насочени санкции“.

Израелската Армија уби повеќе од 72.000 луѓе, главно жени и деца, и рани над 171.000 други во Газа во двегодишната офанзива од октомври 2023 година.

Нападот беше прекинат со прекин на огнот поддржан од САД, кој стапи на сила на 10 октомври.

И покрај прекинот на огнот, израелските сили извршија стотици прекршувања преку гранатирање и пукање, убивајќи најмалку 615 луѓе и повредувајќи над 1.600 други, според Министерството за здравство во Газа.

Израел, исто така, ги интензивираше своите напади на окупираниот Западен Брег од војната во Газа, убивајќи најмалку 1.112 Палестинци и повредувајќи околу 11.500 други во истиот период.

Повеќе
Туркије му изрази сочувство на Бразил поради смртоносните поплави
Орбан испраќа предупредување до Зеленски: Унгарија не сака војна
САД ја блокираат одбраната на Мадуро по обвиненија за трговија со дрога
Најмалку седум загинати во украински напад со дронови врз фабрика за ѓубриво во Русија
Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, се извини за врските со Епштајн, вели дека тоа била грешка
Иран ги отфрли „дезинформациите“ на САД и Израел за нуклеарната програма и балистичките ракети
Над 50 загинати во Мексико по судирите кои избувнаа поради ликвидацијата на Ел Менчо
Епштајн криел компјутери и материјали во складишта низ САД
Зеленски: Без датум за членство во ЕУ, Русија може да ја блокира Украина со децении преку поделба на Европа
Ердоган: Туркије го смета дигиталниот суверенитет за неразделен дел од националната безбедност
Милановиќ: Вооружените сили на Хрватска нема да соработуваат со Израел
Тинејџерката која изврши масовно убиство во Канада со блокиран профил на ЧатГПТ
Туркије го осуди проширувањето на израелската контрола врз окупираниот Западен Брег
Зеленски по повод четвртата годишнина од почетокот на војната: Путин не успеа во своите цели
Четири лица загинаа при пад на ирански воен хеликоптер во покраината Исфахан
Американската војска нападна уште еден брод во Карибите, убиени тројца „наводни“ шверцери на дрога
Четворица припадници на сириските безбедносни сили убиени во напад на ДАЕШ
Како мексиканскиот картел Халиско стана толку моќен
ЕУ ја продолжува поморската мисија во Црвеното Море до 2027 година
Се помалку дизел возила во ЕУ, бројот на електричните зголемен за 45 пати