| Macedonian
СВЕТ
3 мин читање
Зеленски по повод четвртата годишнина од почетокот на војната: Путин не успеа во своите цели
Нашиот народ избра отпор. И нашите воини цврсто стоеја, а цивилите ги бранеа градовите и селата, улиците и дворовите. Обичните луѓе, формирајќи живи ѕидови, ги запреа конвоите од воени возила, рече претседателот на Украина
Зеленски по повод четвртата годишнина од почетокот на војната: Путин не успеа во своите цели
Zelenskyy: Takim i ri në formatin trepalësh Rusi-ShBA-Ukrainë më 4 dhe 5 shkurt në Abu Dhabi / AA
24 февруари 2026

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска, по повод четвртата годишнина од рускиот напад врз таа земја, изјави дека и покрај плановите на Кремљ да „го освои Киев за три дена“, Украинците ја зачуваа својата државност, ја бранеа својата независност и му ја докажаа на целиот свет силата на својот отпор.

Како што изјави тој, на 1462-от ден од големата војна, украинскиот народ има неоспорно право да тврди дека истрајал во борбата за својата слобода.

„Нашиот народ не го крена белото знаме - го бранеше сино жолтото. А окупаторите, кои мислеа дека тука ќе бидат пречекани од толпи што мавтаат со цвеќиња, наместо тоа видоа редици пред регрутните центри. Нашиот народ избра отпор. И нашите воини цврсто стоеја, а цивилите ги бранеа градовите и селата, улиците и дворовите. Обичните луѓе, формирајќи живи ѕидови, ги запреа конвоите од воени возила и сите заедно ѝ го покажаа на изгубената Русија единствениот вистински пат“, рече Зеленски во обраќањето до Украинците, објавено на веб-страницата на украинскиот претседател.

Тој нагласи дека рускиот претседател Владимир Путин не успеал да постигне ниту една од своите главни цели, а украинската државност останала непоколеблива.

„Но, тоа сепак не е доволно - ќе направиме повеќе, бидејќи Русија, за жал, не запира и води војна со сите методи - против мирот, против нас, против народот. Путин сфаќа дека не е способен да ја победи Украина на бојното поле, а „втората армија во светот“ се бори против станбени згради и електрани“, истакна Зеленски и додаде дека денес Украинците успеваат да издржат најтешката зима во историјата и секојдневните напади на руската армија.

Споредувајќи ги првите денови од војната со сегашната ситуација, Зеленски истакна дека Украина не само што ја бранела својата независност, туку не им дозволила на руските сили да ја скршат волјата на народот.

Според него, Путин стратешки ја изгубил оваа војна, бидејќи Украина била спасена, а властите и општеството ќе сторат сè што е можно за да се воспостави праведен мир.

Зборувајќи за страдањето, Зеленски спомена масовно уништување и цивилни жртви во Буча, Ирпин, Бороданка, Хостомел, Мариупол и Одеса, како и уништувањето на инфраструктурните објекти, вклучувајќи ја браната Каховска и нуклеарната централа во Запорожје.

Тој ја истакна важноста на меѓународната поддршка, потсетувајќи дека странските земји, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, земјите од Европската Унија, Канада, Јапонија и Австралија, ѝ обезбедија на Украина воена, хуманитарна и политичка помош.

Зеленски изјави дека сака еден ден да се сретне со американскиот претседател во Украина, за да може американскиот лидер со свои очи да ја види борбата на украинскиот народ, да ја разбере природата на војната и да разбере зошто и за кого Украина го брани својот територијален интегритет и независност.

Тој, исто така, посочи на развојот на домашната воена индустрија, вклучително и производството на беспилотни летала, сопствени противвоздушни системи и модерни ракетни технологии, кои, како што рече, ѝ овозможиле на Украина да одговори на

 

Повеќе
Туркије му изрази сочувство на Бразил поради смртоносните поплави
Орбан испраќа предупредување до Зеленски: Унгарија не сака војна
САД ја блокираат одбраната на Мадуро по обвиненија за трговија со дрога
Најмалку седум загинати во украински напад со дронови врз фабрика за ѓубриво во Русија
Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, се извини за врските со Епштајн, вели дека тоа била грешка
Убиени 129 новинари и медиумски работници низ светот во 2025 година
Иран ги отфрли „дезинформациите“ на САД и Израел за нуклеарната програма и балистичките ракети
Над 50 загинати во Мексико по судирите кои избувнаа поради ликвидацијата на Ел Менчо
Епштајн криел компјутери и материјали во складишта низ САД
Зеленски: Без датум за членство во ЕУ, Русија може да ја блокира Украина со децении преку поделба на Европа
Ердоган: Туркије го смета дигиталниот суверенитет за неразделен дел од националната безбедност
Милановиќ: Вооружените сили на Хрватска нема да соработуваат со Израел
Тинејџерката која изврши масовно убиство во Канада со блокиран профил на ЧатГПТ
Туркије го осуди проширувањето на израелската контрола врз окупираниот Западен Брег
Четири лица загинаа при пад на ирански воен хеликоптер во покраината Исфахан
Американската војска нападна уште еден брод во Карибите, убиени тројца „наводни“ шверцери на дрога
Четворица припадници на сириските безбедносни сили убиени во напад на ДАЕШ
Како мексиканскиот картел Халиско стана толку моќен
ЕУ ја продолжува поморската мисија во Црвеното Море до 2027 година
Се помалку дизел возила во ЕУ, бројот на електричните зголемен за 45 пати