| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Над 50 загинати во Мексико по судирите кои избувнаа поради ликвидацијата на Ел Менчо
Според министерот за безбедност и цивилна заштита Омар Гарсија Харфуч, судири избувнале во 16 сојузни држави по операцијата во која беше ликвидиран Осегера
Над 50 загинати во Мексико по судирите кои избувнаа поради ликвидацијата на Ел Менчо
Над 50 загинати во Мексико по судирите кои избувнаа поради ликвидацијата на Ел Менчо / Reuters
25 февруари 2026

Најмалку 55 лица, меѓу кои и 25 припадници на безбедносните сили, загинаа во одмазничките напади и судири кои избувнаа во Мексико по ликвидацијата на Немесио Осегера Сервантес, познат како Ел Менчо, нарко босот на картелот Нова генерација Халиско.

Според министерот за безбедност и цивилна заштита Омар Гарсија Харфуч, судири избувнале во 16 сојузни држави по операцијата во која беше ликвидиран Осегера.

Харфуч изјави дека 25 припадници на безбедносните сили биле убиени во напади извршени од картелот, а 30 члена на криминалната група загинале во безбедносни операции. Тој додаде дека биле поставени блокади на 85 автопати во 11 сојузни држави, иако сообраќајот на главните патишта во најголем дел е нормализиран по интервенцијата на властите.

Немирите ги нарушија патувањето и туризмот во делови од Западно Мексико. Во Гвадалахара, еден од градовите домаќини на Светско првенство во фудбал, околу 1.000 туристи останале заглавени при посетата на градската зоолошка градина.

Властите пратиле десетици автобуси за да ги евакуираат посетителите и да им обезбедат храна.

И во туристичкиот центар Пуерто Ваљарта биле откажани летови, а биле суспендирани големите јавни настани, вклучително и концертот на американската пејачка Кали Учис.

Телото на Ел Менчо било пренесено под засилено обезбедување во судско-медицинска установа во Мексико Сити.

Во мај 2016 година американскиот Стејт департмент го стави Осегера на листата на најбарани бегалци, а против него беше распишана потерница од суд во Западниот округ на Тексас за обвиненија поврзани со трговија со дрога и перење пари.

Во август 2018 година мексиканското Обвинителство понуди награда од околу 1,5 милиони долари за информации што ќе доведат до негово апсење, а во декември 2024 година САД понудија награда од 15 милиони долари

Според Харфуч, Обвинителството на Мексико вчера го потврдило идентитетот на Осегера по извршена форензичка и ДНК-анализа.

По објавувањето на веста за неговата смрт во операцијата на мексиканските сили, земјата се соочи со бран насилни одмазднички напади.

Повеќе
Орбан испраќа предупредување до Зеленски: Унгарија не сака војна
САД ја блокираат одбраната на Мадуро по обвиненија за трговија со дрога
Иран достави предлог до САД за постигнување договор
Отпуштени ФБИ агентите кои истражувале случај за Доналд Трамп
Ивица Дачиќ хоспитализиран поради тешка пневмонија
ЈТБ организираше програма „Ифтар на братството на Балканот“ во Скопје
Во Скопје предавање „Градење на новиот свет: Академски и културни мостови за младите на Балканот“
Соренсен: Добри разговори во Белград, фокус на спроведување на обврските од дијалогот
Иран гледа „поволни изгледи“ пред нуклеарните разговори со САД
Најмалку седум загинати во украински напад со дронови врз фабрика за ѓубриво во Русија
Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, се извини за врските со Епштајн, вели дека тоа била грешка
Туркије и Сирија ја продлабочуваат трговската соработка со реформа на царината
Мерц бара „пофер“ економски врски со Кина, додека Берлин притиска за ресетирање на односите
Убиени 129 новинари и медиумски работници низ светот во 2025 година
Трамп прогласи „Златното доба на Америка“ во првото обраќање за состојбата на нацијата