Светски ден на турското кафе
РЕГИОН
2 мин читање
Светски ден на турското кафеСо векови, турското кафе станува симбол на гостопримство, социјален ритуал и уметност на подготовка што бара трпение, внимание и умешност
Светски ден на турското кафе / TRT Balkan MK
4 декември 2025

Турската амбасада во Скопје денес го одбележа Светскиот ден на турското кафе, ден посветен на една од најпрепознатливите културни традиции во регионот. Настанот, исполнет со мирис на свежо кафе и автентични детали од турската традиција, потсети зошто овој ритуал е многу повеќе од пијалок.

Историјата на турското кафе започнува во 1543 година, кога гувернерот на Јемен му подарил кафе на османлискиот султан- приказна што ќе го обликува секојдневниот живот на империјата и пошироко. Со векови, турското кафе станува симбол на гостопримство, социјален ритуал и уметност на подготовка што бара трпение, внимание и умешност. Во 2013 година, УНЕСКО го впиша во својата листа на нематеријално културно наследство, со што 5 декември официјално стана Светски ден на турското кафе.

На денешниот настан, турскиот амбасадор во Северна Македонија, Фатих Улусој, го истакна значењето на зачувувањето на традициите што со векови го обликуваат социјалниот живот во Балканскиот регион. Тој нагласи дека турското кафе не е само дел од културното наследство, туку и платформа за унапредување на соработката меѓу Туркије и земјите од Балканот, од развој на заеднички проекти, до посилна мултилатерална соработка.

Во своето обраќање, амбасадорот Улусој се осврна и на актуелната надворешна политика на Туркије за 2025 година, истакнувајќи ги економските и политичките предизвици со кои се соочува регионот. Тој ја потенцираше континуираната поддршка на Анкара за палестинската кауза, како и дипломатските напори за посредување во мировните процеси на Блискиот Исток.

Амбасадорот потсети и на последните интензивни дипломатски активности, меѓу кои посетата на министерот за надворешни работи Хакан Фидан на Вашингтон и состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп, како и средбите со високите американски претставници. Со тоа, Туркије ја зацврстува својата улога како значаен меѓународен фактор и партнер во стабилизирачките процеси. Улусој ја нагласи и важноста на Туркије во НАТО, како земја која активно учествува во развојот на одбранбените политики и капацитети на Алијансата.


Повеќе
Туркије: НАТО неутрализирала балистичка ракета испукана од Иран во турскиот воздушен простор
Четири члена на екипажот загинале во уривањето на американскиот авион КЦ-135 во Ирак
Литванскиот МНР ги обвини сојузниците на НАТО за трошоците за одбрана
Сијарто: ЕУ по примерот на САД да ги укине санкциите за руска нафта
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни
Иранската револуционерна гарда тврди дека ги нападнала американските бази во Јордан, Бахреин и Ирак
Вучиќ: Србија се подготвува за можен напад од страна на алијансата Хрватска-Албанија-Косово
Француски војник загина, неколку се ранети во напад со дрон врз воена база во северен Ирак
Американски воен авион се урна во западен Ирак
САД, Русија и Кина се судрија во Советот за безбедност на ОН околу нуклеарната програма на Иран
Ердоган: Туркије спроведува интензивна дипломатија за да ја спречи спиралата на насилство