| Macedonian
ЕУ го казни ТикТок со 530 милиони евра поради непочитување на прописите за заштита на податоци
ТикТок објави дека ќе се жали на пресудата, тврдејќи дека ја користел правната рамка на ЕУ, поточно стандардните договорни клаузули, за да овозможи строго контролиран и ограничен далечински пристап
00:00
ЕУ го казни ТикТок со 530 милиони евра поради непочитување на прописите за заштита на податоци
Компанијата предупреди дека оваа пресуда може да постави преседан со далекусежни последици за компаниите и индустриите што работат на глобално ниво / Reuters
 

Главниот регулатор за заштита на податоци на ЕУ ја казни платформата ТикТок со 530 милиони евра поради загриженост за начинот на кој ги штити личните податоци на корисниците.

Регулаторот, исто така, ѝ наложи на платформата да го суспендира преносот на податоци во Кина доколку обработката на податоци не се усогласи со законите на ЕУ во рок од шест месеци, објави Ројтерс.

Ирската комисија за заштита на податоци (ДПЦ) соопшти дека ТикТок, кој е во сопственост на кинеската компанија „БајтДенс, не може да докаже дека личните податоци на корисниците од ЕУ се соодветно заштитени во согласност со законите на ЕУ.

ТикТок објави дека ќе се жали на пресудата, тврдејќи дека ја користел правната рамка на ЕУ, поточно стандардните договорни клаузули, за да овозможи строго контролиран и ограничен далечински пристап.

Тој исто така додаде дека пресудата не ги зема предвид мерките за заштита на податоците воведени во 2023 година, кои независно го следат далечинскиот пристап и обезбедуваат податоците на корисниците од ЕУ да се чуваат во наменски центри за податоци во Европа и САД.

ТикТок изјави дека никогаш не добил барање од кинеските власти за податоци за корисници од ЕУ, ниту пак им доставил никакви податоци.

Компанијата предупреди дека оваа пресуда може да постави преседан со далекусежни последици за компаниите и индустриите што работат на глобално ниво.

Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите