| Macedonian
Мислење
РЕГИОН
3 мин читање
Нулта или техничка толеранција, прашањето е сега
Министерството за внатрешни работи може да покаже добра волја и да го пролонгира почетокот на казнувањето, тамам толку колку треба возачите да имаат време да ги „наштелуваат педалите за гас на 50 км на час“
Нулта или техничка толеранција, прашањето е сега
Фактот дека камерите на Безбеден град веќе вториот ден снимиле двојно помалку прекршоци укажува дека голем дел од возачите ја разбрале пораката / Others
6 декември 2025

Проектот Безбеден град чекаше скоро 15 години од идеја да стане реалност, а за само неколку часа голем дел од возачите му кренаа знак СТОП.

Од 110.000 сообраќајни прекршоци, кои системот ги регистрирал за само 24 часа и од кои над 90% за пребрзо возење, уште пофрапантен е фактот дека голем број граѓани се против новиот систем за казнување и не ја разбираат поентата на проектот.

Возачите на социјалните мрежи бараат помош и од ЧетГПТ и делат теории за тоа како камерите ќе им го нарушат комодитетот, па постојано ќе мораат да гледаат во брзиномерот, наместо во сообраќајот. 

Прегледноста и свесноста на возачот за состојбата околу него е основен предуслов за безбеден сообраќај. Но за добар дел од возачите, секоја чест за исклучоците, тоа и досега не беше правило.

Затоа не им е лесно од гледањето во мобилните телефони сега да го подигнат погледот кон брзинометарот и ветробранското стакло зад кои нема ништо ново- други возила и возачи, семафори, пешачки премини, велосипедисти, мотори и знаци.

Се е исто како и порано кога не ги забележуваа црвените светла, предупредувањата за ограничена брзина, пешаците… Но сега се правдаат дека поради стравот да не ја зголемат брзината на 51 километар на час ќе мора да гледаат во километражата.

Значи не било до брзината, до навиките е.

Ограничувањето од 50 километри, а во одредени зони од 30 километри на час постоеја и пред да се вклучат камерите, но ретко се почитуваа.

И на 60 километри на час да е ограничено возењето низ град, пак ќе се бара толеранција казнувањето да не биде за еден или два километри над дозволената брзина.

Точно е дека во некои западноевропски држави има техничка наместо нулта толеранција до неколку километри од дозволената брзина поради технички причини во однос на радарите или брзинометрите на возилата. Но толеранцијата е резултат на висок степен на сообраќајна култура и заслужена поради почитување на правилата.

Таму санкциите навистина функционираат како превентивна мерка, а не важат законите на возачите рецидивисти кои убиваат по улиците или малолетници кои возат без дозволи.

Токму затоа не треба да има толеранција и ограничувањата треба да се почитуваат и да се управува возилото со брзина која е соодветна, а како таква ја утврдиле надлежните институции. 

А „бркањето на зеленото светло“ на семафорите не е оправдување за пречекорување на брзината и поминување на црвеното светло.

Проектот е во пробен период и, секако, постои место за подобрувања во однос на поставеноста на сообраќајната сигнализација и решавање на проблемите со спорни прекршоци кои произлегуваат од сегашната сообраќајна регулатива.

Но фактот дека веќе вториот ден од функционирањето на Безбеден град камерите снимиле двојно помалку прекршоци укажува дека голем дел од возачите ја разбрале пораката. 

Министерството за внатрешни работи може да покаже добра волја и да го пролонгира почетокот на казнувањето тамам толку колку треба возачите да имаат време да ги „наштелуваат педалите за гас на 50 км на час“.

Игор Шегавиќ

Напомена: Ставовите изразени во овој напис му припаѓаат на авторот и не ја одразуваат нужно уредувачката политика на ТРТ Балкан

Повеќе
Сојузот на синдикатите на Македонија со блокада пред Владата, се најавува генерален штрајк во март
Мацут во Атина: Србија останува посветена на зајакнувањето на стратегиското партнерство со Грција
Парламент на Црна Гора ги усвои измените на Законот за гарантирање на неработна недела
Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК до решение за барањата на македонските превозници
Поплавени земјоделски површини и куќи, исклучително висок водостојот на Вардар во горното тек
УХМР: И понатаму високи водостои на Вардар и Треска, ЦУК со интервенции во повеќе региони
Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина
Мицкоски во Минхен: Продолжуваме со убави вести за македонските граѓани
Најголемата џамија во Северна Македонија, изградена со поддршка од Туркије, подготвена за Рамазан
Мицкоски по средбата со Кошта: Без билатерални условувања за членство во ЕУ
Србија загрижена по одбранбениот состанок на Косово, Албанија и Хрватска во Минхен
Побарана одговорност за трамвајската несреќа на протестот во Сараево
Вучиќ по завршувањето на посетата на Туркије: Исклучително продуктивни разговори со Ердоган
САД и Северна Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија
Мисајловски во Брисел: Здружени во НАТО можеме да го издржиме секој предизвик
Трамвај излета од шините во Сараево: Едно лице загина, повеќемина се повредени
Мицкоски: Туризмот е еден од нашите приоритети, се бележи раст во број на туристи и ноќевања
Бугарија: Андреј Ѓуров именуван за вршител на должноста премиер до предвремените избори
Косово конечно доби влада, Албин Курти по третпат е премиер
Македонски државјанин со срцева болст опериран во Германија со роботски систем